Мелдоница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мелдоница
Μελιδόνι
Мелдоница is located in Грција
Мелдоница
Мелдоница
Местоположба во областа
Мелдоница во рамките на Горуша (општина)
Мелдоница
Местоположба на Мелдоница во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°20.52′N 21°23.45′E / 40.34200° СГШ; 21.39083° ИГД / 40.34200; 21.39083Координати: 40°20.52′N 21°23.45′E / 40.34200° СГШ; 21.39083° ИГД / 40.34200; 21.39083
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно38
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мелдоница или Мелидони (грчки: Μελιδόνι) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 38 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на левиот брег на реката Бистрица, околу 6 км североисточно од Лапчишта.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според грчка статистика од 1904 г. во Мелдоница живееле 60 Грци христијани.[3] Сепак, овој податок не може да се потврди од други извори, знаејќи ја пристрасноста на грчките извори.

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Мелдоница е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 87 жители кои во 1920 г. станале 90.[2] Во 1920-тите во властите довеле едно грчко семејство од Турција со 9 лица.[4] Така, во 1928 г. во Мелдоница е попишано 121 лице, кои во 1940 г. се накачиле на 151.[2] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Цркви[уреди | уреди извор]

  • „Св. Преображение“
  • „Воведение на Пресв. Богородица“ — на излезот од селото, изградена во 1913 г.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 151 137 139 106 90 79 68 38
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 343.
  3. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  5. „Ιερού Ναοί των Εισοδίων της Θεοτόκου στο Βόιο“. Το Βόιον. Посетено на 4 јануари 2015.[мртва врска]