Печани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Печани
Τριάδα
Печани is located in Грција
Печани
Печани
Местоположба во областа
Печани is located in Горуша (општина)
Печани
Местоположба на Печани во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°14.20′N 21°13.15′E / 40.23667° N; 21.21917° E / 40.23667; 21.21917Координати: 40°14.20′N 21°13.15′E / 40.23667° N; 21.21917° E / 40.23667; 21.21917
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000830000000830 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно12
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Печани (грчки: Τριάδα, Тријада; до 1928 г. Πέτσιανη, Пецјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 12 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Населица, околу 25 км југозападно од гратчето Лапчишта и 15 км западно од Цотил. Лежи приближно 4 км северно од патот што води за Коница и Јанина.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Печани се води како грчко село во Населичката каза.

Печани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во Печани (Πέτσιανη) живееле 120 Грци христијани.[4] Поради отсуството од негрчки извори и пристрасноста на грчките, податокот за народноста не може да се утврди со сигурност.

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Печани е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 177 жители,[5] кои во 1920 г. се намалиле на 112 лица.[3]

Во 1928 г. во селото живееле 132 лица. Истата година македонското име му е сменето во Тријада, што значи „Троица“. Во 1940 г. населението броело 144 жители, но потоа почнало да опаѓа. Особено почнало да се празни во 1960-тите поради масовното иселување во градовите и продолжило во тој правец до денес.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 144 133 120 69 47 23 16 12
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πέτσιανη -- Τριάδα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 345.
  4. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  5. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία