Сачишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сачишта
Σιάτιστα
Црквата „Св. Димитрија“
Црквата „Св. Димитрија“
Сачишта is located in Грција
Сачишта
Сачишта
Местоположба во областа
Сачишта is located in Горуша (општина)
Сачишта
Местоположба на Сачишта во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°15.23′N 21°33.8′E / 40.25383° СГШ; 21.5633° ИГД / 40.25383; 21.5633Координати: 40°15.23′N 21°33.8′E / 40.25383° СГШ; 21.5633° ИГД / 40.25383; 21.5633
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаСачишта
Надм. вис.&10000000000000920000000920 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно5.490
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.50003
Повик. бр.2465
Градската управа во Сачишта.

Сачишта (дијалектно: Сачишча; грчки: Σιάτιστα, Сјатиста) — гратче во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 5.490 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето е сместено во јужните пазуви на планината Сињак, над преминот кој ја дели од Црвена Гора на југ. Оддалечено е 25 км југозападно од Кожани, 30 км североисточно од Гребен и 22 км југоисточно од Лапчишта.[2] Се дели на две маала — Хора на север и Геранија на југ, чии традиционални македонски облици се Гора и Горица/Гарица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Женска носија од Сачишта.

Се смета дека Сачишта е основано уште пред Шишани — во XVI век. Од името е очигледно дека првично било македонска населба, која подоцна станала влашка. На крајот на XVII век митрополитот Зосим II на Охридската архиепископија тука го преместил седиштето на епархијата, кое дотогаш било во Шишани.[3] Во 1677 г. во Геранија е изградена црквата „Св. Петка“ — најстариот зачуван христијански храм во градот.[4][5] Грчката пропаганда проработела многу рано, бидејќи веќе во 1710 г. во селото било отворено грчко училиште.[6] Според Спиридон Гопчевиќ гратчето традиционално било чисто влашко, но во 1889 г. е утврдено дека од 10–12.000 лица одвај една четвртина разбирале влашки, а сите по дома зборувале грчки. Густав Вајганд тврди дека влашкото село Сачишта е погрчено од дојденци од Шишани. Кога Вајганд ја посетил паланката (крај на XIX век) само старците занеле влашки.[7]

Во 1760 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во источниот дел на Сачишта,[8] а во 1801 г. и големата соборна црква „Св. Димитрија“ во Хора, изгорена во 1910 г. и обновена по две години.[9]

На почетокот на 1830-те албанските водачи Тафил Бузи и Аслан-бег го нападнале Сачишта, но наишле на силен отпор од жителите.[10]

Во XIX Сачишта веќе станало гратче во Населичката каза на Серфичкиот санџак. Според големогрчките податоци на Александар Синве во 1878 г. Сачишта (Schatista) имало 7.800 жители, наводно сите „Грци“ (впрочем погрчени Власи).[11]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Сачишта:

Гратчето се состои од две маала — Гарица и Хора... Има 1.080 куќи и 1.930 брачни двојки. Жителите тргуваат со добиток и вино, но се среќаваат и занаетчии. Има две основни училишта... и едно повисоко со библиотека од 4.000 книги. Има 22 цркви, од кои две катедрали и 13 свештеници.[12]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Сачишта (Шатиста) има 4.800 жители „Грци“ христијани (т.е. погрчени Власи).[13]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сачишта (Satchichta) имало 5.250 „Грци“ (т.е. погрчени Власи).[14]

Според грчка статистика од 1904 г. во Сачишта живееле 7.000 гркојазични „Грци“ (т.е. погрчени Власи).[15] Во 1912 г. во Сачишта делувала четата на капетанот Трендафилос.[16]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Сачишта е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 6.774 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 4.648,[2] веројатно како последица од војните. По 1923 г. во гратчето се доведени 126 грчки колонисти (30 семејства) од Турција.[2] Така, во 1928 г. населението се накачило на 5.328 жители.

Во 1963 г. е срушен стариот храм „Св. Атанас, Св. Бесребреници и Св. Антониј“ од XVII век, и одновно изграден под надзор на митрополитот Поликарп Шишански и Сачишки.[17]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 4.714 4.080 4.737 4.852 5.702 5.688 5.642 5.490
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со трговија на мало и други малостопански дејности. Застапено се и земјоделството и сточарството во пределите околу градот.[2]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Ботанички музеј на Црвена Гора — природонаучен музеј на растителноста во подрачјето отворен од месното планинарско друштво во 1989 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 351. 
  3. Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно издание). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 247 – 248. ISBN 954-430-345-6. 
  4. „Siatista Churches“. Windmills Travel & Tourism. конс. 25 мај 2014. 
  5. „Ι.Ν. Αγίας Παρασκευής Σιάτιστας – Ένας μύθος καταρέει;“. Σιάτιστα Siera FM. конс. 25 мај 2014. 
  6. Поповић, Јован (1998). О цинцарима. Београд: Прометеj. стр. 42. ISBN 86 – 82363. http://www.scribd.com/doc/79608310/Jovan-Popovic-О-Cincarima. посет. 23 февруари 2013 г. г. 
  7. Поповић, Јован (1998). О цинцарима. Београд: Прометеj. стр. 43. ISBN 86 – 82363. http://www.scribd.com/doc/79608310/Jovan-Popovic-О-Cincarima. посет. 23 февруари 2013 г. 
  8. „Siatista Churches“. Windmills Travel & Tourism. конс. 25 мај 2014. 
  9. „Ιερός Ναός“. Άγιος Δημήτριος Σιάτιστας. конс. 3 мај 2014. 
  10. Vakalopoulos, Kostandinos A. Modern History of Macedonia (1830 – 1912), Thessaloniki, 1988, p. 23.
  11. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 53.
  12. Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 137 – 138.
  13. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 274.
  14. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 226 – 227.
  15. Σπανός, Κωνσταντίνος. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
  16. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 276 – 277.
  17. „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. конс. 4 јануари 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]