Иван Снегаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Снегаров

Иван Снегаров (Охрид, 30 септември 1883 - Софија, 1 март 1971) — црковен историчар од Охрид, член на Бугарската академија на науките од 1943. Неговите главни дела се однесуваат на историјата на бугарската црква (во која тој ја вметнува и македонската), руско-бугарските сојузи, и феудалните односи во средниот век. Во неговите дела кои се однесуваат на Македонија, најчесто се настојува да се докаже бугарскиот карактер на македонската црква и народ.

Завршил Духовна академија во Истанбул, Турција и во Киев, Украина, со специјализација во византологија. Автор на повеќе статии и книги, меѓу кои освен тие за Охридската архиепископија се и истражувачките дела за Скопје, Струга, Солун, Рајко Жинзифов, Неофит Рилски, на сите православни цркви и др. Во 1972 посмртно е објавена неговата последна публикација за манастирот Св. Наум.

Цитати, мисли и извадоци од дела[уреди | уреди извор]

За значењето на Охридската архиепископија

Историјата на Охридската црква е историја на осумвековна духовна независност, би рекол на духовна сувереноста на Македонија. Политичката власт во таа земја била турска, но духовната припаѓала на самата неа во лицето на нејзината народна црква, којашто опфаќала поголем дел од таа земја и чијашто паства го сочинувало огромното мнозинство во неа, како што е и денес. Охридската архиепископија – патријаршија поседувала законодавна, извршна и судска власт. Таа имала морален авторите пред кој се поклонувале (со ретки исклучоци) сите нејзини членови, затоа што тие верувале, дека таа е патот, којшто ги води и кон земна благосостојба и кон најважното – небесно, идеално суштествување.[1]


За востановувањето на Охридската архиепископија

Востановyвањето на Охридската архиепископија треба да предизвика радост во сите православни Цркви, зашто со тоа се востановува потиснуваното право за црковно самоуправување и се дејствува во насока на спречување на раздорите меѓу балканските едноверни народи. Затоа да пожелиме, Српската православна црква, како и нејзините блиски сестри — Бугарската и Цариградска црква да погледнат благонаклоно и христољубиво на новосоздадената Македонска православна црква и да ја земат, како постари сестри, под своја закрила, за да се зацврсти, благоустрои и служи како верен член на Вселенската црква.[2]


За правото на Македонија за политичка самостојност

Автономистичкиот дух на Македонија не е нов, туку е рожба на нејзиниот историски живот. Тој бил развиван од автокефалната Охридска црква. Историјата на последната не уверува, 1) дека Македонија има право и е способна и за политичка самостојност исто како што можела да постои 8 векови како независна духовна организација; 2) дека, како што во старо време била основа за духовно обединување на балканските народи, така таа и сега може да се претвори од јаболко на меѓубалкански раздори во алка на општобалканско братство.[1]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Снегаровъ, Иван. История на Охридската архиепископия-патриаршия. София: Печатница "П.Глушковъ", 1932. Прегдовор, стр. VI
  2. Востановување на Охридската архиепископија, Македонска мисла, кн. 7-8, год. I, 1946 г.