Ваташа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ваташа
Панорама на Ваташа.jpg

Панорама на приградската населба Ваташа

Ваташа се наоѓа во Republic of Macedonia
Ваташа
Местоположба на Ваташа во Македонија
Координати 41°25′00″ СГШ 22°07′07″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 3.502[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Надм. вис. 295 м
Commons-logo.svg Ваташа на Ризницата


Ваташа — приградска населба на градот Кавадарци, во областа Тиквеш. Поради својата близина со градот Кавадарци, ова некогаш големо село прераснало во приградска населба, како што и официјално е означено во статутот на Општина Кавадарци.[2]

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на селото Ваташа со градот Кавадарци, фотографирано од црквата во изградба „Св. Архангел Михаил

Ова големо село се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, но селото е речиси целосно поврзано со градот Кавадарци, поради што влегува во рурбалната зона на централното место. Сместено е на самиот регионален пат кој води до висорамнината Витачево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 295 метри.[3]

Поради непосредната близина, Ваташа во текот на времето прераснала во приградска населба на градот Кавадарци.

Селото Ваташа е сместено во долината на реката Велика (Луда Мара) под самата висорамнина Витачево. Поголемиот дел од селото е сместен на левиот брег на реката. Селото е од збиен тип со издолжен изглед. Лево од реката се Долно или Оџевско, Средно или Поповско, Арсовско и Горно или Коцевско, а на десниот брег се Турско и Куричевско или Коџа-маало.[4]

Историja[уреди | уреди извор]

Ваташа е познато уште во XIV век, а за време на османлиското владеење со Македонија (1395-1912), тоа е најголемата населба во Тиквеш.

Селото било христијанско-муслиманско од полуварошки тип во турско време.[4]

Во 1817 година во Ваташа е изградена црквата „Успение на пресвета Богородица“.

Во 1830 година во Ваташа започнува да работи првото световно училиште во Тиквешијата.

Во 1838 година со помош на македонскиот просветител Теодосиј Синаитски, селскиот учител Даскал Камче ја отвора првата печатница во Македонија, токму во Ваташа, во периодот на македонското просветителство.

Стреланите младинци од село Ваташа, Тиквешко. Крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци.

Во 1860 година во Ваташа е изградено основното училиште „Даскал Камче“.

Во XIX век, Ваташа било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Во текот на 1901 година при својата неколкунеделна посета на Кавадарци и околината, Гоце Делчев престојува неколку денови и во Ваташа.

Во 1913 година за време на Тиквешкото востание, српските воjници стрелале 40 луѓе.

Во април 1941 година селото влегува во бугарската окупациска зона. Од самиот почеток жителите на Ваташа не ја прифаќаат новата власт и активно се вклучени во комунистичкото народноослободителното движење.

На 16 јуни 1943 година, бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев, како дел од Ваташкиот масакр.

Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Куќи во Ваташа на десниот брег од реката Луда Мара

Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство на свои поседи. Нивите се наоѓале под селото, на страните, а на Витачево се наоѓале пасишта. На повисоките тераси било садено лозје. Селото имало полуварошки тип и долж главниот пат од Кавадарци за Витачево се наоѓале дуќани.[4]

Како споредна активност биле дуќанџиите и трговијата. Имало разни дуќани, од бакали, до фурнаџии, касапи, кафеџии, а главно биле во посед на христијанските семејства. Исто така, во селото имало шеесетина мајстори, кои граделе по тиквешките села. Чаршијата во Ваташа особено била живната за време на среда, кога бил пазарен ден во Кавадарци.[4]

Денес, населението на Ваташа, во најголем дел, се занимава со лозарство (одгледување на винова лоза) на лозјата во околината на селото. Поради близината на Ваташа со Кавадарци, преку процес на конурбација, таа припаѓа на рурбалната зона на градот (како приградска населба) и во селото истотака се застапени и секундарните и терциерните стопански гранки, а дел од населението работи и во индустриските капацитети „ФЕНИ“, рудникот ’Ржаново, винарската визба „Тиквеш“ и други.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ваташа имало 1.808 жители, од кои 1.142 христијани, 618 муслимани и 48 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ваташа имало 1.880 жители.[6]

Муслиманските родови од селото во најголем дел се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Ваташа е голема населба, со зголемен пораст на бројот на населението. Во 1961 година, Ваташа броела 1.933 жители, од кои 1.806 биле Македонци, 92 Турци и 16 Срби, а во 1994 година населбата броела 3.120 жители, од кои 3.040 Македонци, 52 Роми, 19 Срби и 2 Турци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ваташа имало 3.502 жители, од кои 3.224 Македонци, 13 Турци, 238 Роми, 1 Влав, 20 Срби и 6 останати.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Марена:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Ост. Вкупно
1948 1.490
1953 1.569 0 82 7 1 3 11 1.673
1961 1.806 1 92 16 18 1.933
1971 2.079 11 74 0 24 37 2.225
1981 2.628 3 29 6 1 29 106 2.802
1991 2.918 5 19 73 0 24 7 3.046
1994 3.040 0 2 52 0 19 7 3.120
2002 3.224 0 13 238 1 20 6 3.502

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од родовите во Ваташа се стари. Во Куричевско или Коџа-Маало немало муслимани; тука дошле кон почетокот на XIX век, потиснувајќи ги Куричевци, Пендевци и други родови.[4]

Како родови во Ваташа се споменуваат:[4]

  • Христијански родови:
    • Старинци:
      • Средно Маало: Колевци (Илевци 10, Поп-Анѓелевци 5, Сапунџијовци 3, Хаџи-Ордановци 3, Шеовци 2, Мелачевци 1) 24 к.; Икономовци 7 к.; Шишковци 2 к.; Мешковци-Ризевци 8 к.; Мицовци 4 к.; Крстевци 2 к.; Куричевци-Мукајетовци 10 к.; Димовци 10 к.; Оѓумовци 1 к.; Пендевци 7 к.; Мајсторовци 1 к. и Хаџи-Камчевци 2 к..
      • Арсовско Маало: Кујунџијовци-Арсовци 10 к.; Јаревци 2 к.; Басмарковци 4 к.; Угуровци 2 к.; Газдаревци 1 к.; Бакаловци 1 к.; Касапиновци 4 к.; Митковци 2 к. и Аризановци 4 к..
      • Коџа-Маало: Самарџијовци 1 к.; Видиќовци 2 к.; Плачковци 2 к.; Дафковци 1 к.; Пињушке 1 к.; Ќировци 2 к.; Кадревци 1 к. и Брдаревци 1 к..
      • Долно Маало: Белчевци 2 к. и Парскеовци 2 к..
      • Горно Маало: Костовци (Костовци 4, Ралевци 6, Коцевци 4) 14 к..
    • Постари доселеници: Грковци (Средно М.) 2 к.; Минчевци (Средно М.) 2 к.; Вачковци (Средно М.) 2 к.; Јеленовци (Коџа-М. 6, Средно М. 1) 7 к.; Бакевци-Мајсторчевци (Арсовско М.) 5 к.; Пинџуровци (Средно М.) 2 к.; Темковци-Толовци-Галабовци (Арсовско М.) 2 к.; Дановци (Арсовско М.) 1 к.; Парапановци-Поповци (Коџа-М.) 2 к.; Покрајѕидовци (Коџа-М.) 2 к.; Пантефци (Долно М.) 2 к.; Пијаде (Коџа-М.) 1 к.; Велковци (Коџа-М.) 1 к.; Сејменовци (Средно М.) 3 к.; Постоловци (Арсовско М.) 2 к. и Ордановци (Арсовско М.) 3 к..
    • Понови доселеници: Гучеловци (Горно М.) 1 к.; Сиратке (Коџа-М.) 1 к.; Бојаџијовци (Коџа-М.) 1 к.; Дубровци (Средно М.) 2 к.; Струмички (Средно М.) 1 к.; Бојовци (Средно М.) 3 к.; Трајковци (Коџа-М.) 1 к.; Клинчаровци (Коџа-М.) 1 к.; Матаковци (Средно М.) 1 к.; Бунарци (Горно М. 2, Коџа-М. 2) 4 к.; Чамевци (Горно М.) 1 к.; Шаткоти (Арсовско М.) 1 к.; Мантевци (Арсовско М.) 1 к.; Настовци (Арсовско М.) 2 к.; Гуревци (Арсовско М.) 1 к.; Станковци (Арсовско М.) 1 к.; Роглевци (Средно М.) 1 к.; Пеневци (Средно М.) 1 к.; Вртковци (Коџа-М.) 1 к.; Трајчевци (Коџа-М.) 1 к.; Гросковци (Коџа-М.) 1 к.; Галабовци (Средно М.) 3 к.; Нерковци (Средно и Коџа-М.) 2 к.; Андонијовци (Долно М.) 1 к.; Дисанци (Долно М.) 1 к.; Конопишки (Коџа-М.) 1 к.; Велковци (Коџа-М.) 2 к.; Ризовци (Арсовско М.) 1 к.; Сабатковци (Долно М.) 1 к.; Чолаковци (Коџа-М.) 1 к.; Ордановци (Долно М.) 1 к.; Богевци (Средно М.) 1 к. и Бошавци (Средно М.) 1 к..
  • Муслимански родови:
    • Старинци:
      • Долно Маало: Оџевци 12 к.; Спајиовци-Сиџимовци 9 к.; Муѓеловци 1 к.; Мола-Даутовци 2 к. и Јашаровци-Аџемковци 5 к..
      • Горно Маало: Шарковци 6 к.; Чотревци 3 к.; Журевци 3 к.; Лоскевци 3 к.; Ипчевци 5 к.; Моратовци 4 к. и Купатковци 2 к..
      • Турско Маало: Хасковци 6 к.; Мола-Еминовци 5 к.; Шабановци 3 к.; Дураковци 3 к.; Пеливановци 2 к. и Барјактаровци 1 к..
      • Коџа-Маало: Амовци 5 к.; Неџбијовци 3 к.; Топаловци 2 к.; Хаџикаре 1 к. и Џамбазовци 3 к..
    • Постари доселеници: Суловци (Коџа-М.) 1 к.; Нолбантииовци (Долно М. 1 и Турско М. 2) 3 к. и Јуруковци (Долно М.) 3 к..
    • Понови доселеници: Синановци (Турско М.) 1 к.; Јунчаровци (Долно М.) 1 к.; Пундевци-Шутовци-Крчовци (Турско М.) 1 к. и Алишовци (Турско М.) 1 к.

Во селото имало и две куќи одамна населени од Роми.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште во населбата

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ваташа, во која се наоѓале селата Бунарче и Ваташа.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Ваташа се наоѓале градот Кавадарци и селата Глишиќ, Марена и Сопот.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Поглед на апсидата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, видлива од главната улица
Главната манастирска црква „Св. Никола“ на Моклишкиот манастир

Селото е опфатено во склоп на изборните места бр. 0691, 0692, 0693 и 0694 според Државната изборна комисија.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[11]
Цркви[12][13]
Спомен-куќи
Споменици
  • Споменик на 12. ваташки младинци — споменикот се наоѓа во близина на Ваташа, неколку километри јужно од населбата, во месноста Моклиште на која е подигнат голем споменик на 12. ваташки младинци стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.
Излетнички места
Реки[14]
Езера

Личности[уреди | уреди извор]

Бистата на Блаже Џунов во Ваташа
Родени во Ваташа
Починати во Ваташа
  • Даскал Камче (?-1848) — просветител, основач на првата печатница во Македонија

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Габер (Ваташа) има настапувано во Втората македонска фудбалска лига.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 10 март 2018 г. 
  2. „Статус на Општина Кавадарци“. Општина Кавадарци. декември 2005. http://kavadarci.gov.mk/public/wp-content/uploads/STATUT.pdf. посет. 10 март 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 48. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 10 март 2018 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 401-410. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Во книгата наведени како „Турски Цигани“
  9. „ООУ Димката Ангелов-Габерот“. http://dagvatasa.edu.mk/index.php/mk/. посет. 11 март 2018 г. 
  10. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 11 март 2018 г. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. „Цркви во Маренската парохија“ (на македонски). Повардарска епархија. http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=378&Itemid=55. посет. 23 февруари 2018 г. 
  14. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 44. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]