Марена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марена
Пат низ Марена.jpg

Влезот во селото Марена

Марена is located in Македонија
Марена
Местоположба на Марена во Македонија
Координати 41°27′59″N 22°01′40″E / 41.46639° СГШ; 22.02778° ИГД / 41.46639; 22.02778Координати: 41°27′59″N 22°01′40″E / 41.46639° СГШ; 22.02778° ИГД / 41.46639; 22.02778
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 997[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1426
Повик. бр. 043
Надм. вис. 207 м
Слава Голема Богородица
Commons-logo.svg Марена на Ризницата


Марена — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, во Тиквешката Котлина, недалеку од градот Кавадарци, поради што селото влегува во рурбалната зона на централното место.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 207 метри.[2]

Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 4 километри, додека од градот Неготино е оддалечено 8 километри. Сместено е на самиот регионален пат помеѓу овие два града. Селото се наоѓа во Тиквешијата на десниот брег на реката Луда Мара во падините на ридот Градиште.

Атарот зафаќа простор од 12,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.000 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 135 хектари.[2]

Селото е од збиен тип со разредени краеви, поделено на три маала, Горно, Средњо и Долно Маало.[3]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото било христијанско-муслиманско и христијаните биле чифчии во турско време.[3]

Во XIX век, Марена било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има исклучително полјоделска функција.[2]

Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство. Марена пред скоро сите села во Тиквешко имала пазар и била мало стопанско средиште на штипско-прилепскиот друм. Сѐ до појавата на пазарот во Неготино, кое имало подобри сообраќајни врски, Марена имала голем пазар и посети на трговци и занаетчии.[3]

Денес, селото главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во последно време се отвораат многу претпријатија во селото како и околината најчесто за транспорт и шпедиција.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марена имало 576 жители, од кои 270 христијани, 300 муслимани и 6 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марена имало 288 жители.[5]

Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Марена е средна по големина село, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година броело 690 жители, од кои 622 биле Македонци, 33 Албанци, 23 Срби, 3 Турци и осум жители неопределени, а во 1994 година преминало во големо село со 988 жители, од кои 920 Македонци, 49 Роми, 11 Срби и 8 други.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Марена имало 997 жители, од кои 903 Македонци, 71 Ром, 21 Србин и 2 останати.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Марена:[6]

Години Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. Вкупно
1948 486
1953 517 0 1 4 20 1 543
1961 622 33 3 23 9 690
1971 705 43 0 0 26 31 805
1981 879 14 0 66 11 18 999
1991 874 0 0 53 23 17 967
1994 920 0 0 49 11 8 988
2002 903 0 0 71 21 2 997

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Марена се споменуваат:[3]

  • Христијански родови:
    • Старинци: Крушаровци (Средно М.) 1 к.; Чучуковци-Шкоровци (Средно М.) 2 к.; Смилевци (Средно М.) 1 к. и Дуковци (Горно М.) 1 к.
    • Постари доселеници: Дубровци (Средно М.) 1 к.; Уланчани (Средно М.) 3 к.; Мицовци (Средно М.) 3 к.; Наунчевци (Горно М.) 1 к. и Поп-Дафчевци (Средно М.) 3 к..
    • Понови доселеници: Куричановци (Средно М.) 4 к.; Катарловци (Горно М.) 2 к.; Кралевци (Средно М.) 2 к.; Риџаловци (Средно М.) 2 к.; Треминчановци (Средно М.) 1 к.; Паневци (Средно М.) 1 к.; Ѓеловци (Средно М.) 1 к.; Јосивовци (Средно М.) 1 к.; Недевци (Средно М.) 1 к.; Илковци (Средно М.) 1 к.; Рибаречки (Средно М.) 1 к.; Митревци (Средно М.) 2 к.; Дисанци (Средно М.) 2 к.; Ѓорчевци (Средно М.) 1 к.; Џаковци (Средно М.) 1 к.; Стојановци (Средно М.) 1 к. и Василовци (Горно М.) 1 к..
  • Муслимански родови:
    • Старинци: Алковци (Горно М.) 7 к.; Аличковци (Горно М.) 3 к.; Сулејмановци (Горно М.) 1 к.; Хаџи-Куртишовци (Горно М.) 1 к.; Амчевци (Горно М.) 8 к.; Адемовци (Горно М.) 1 к.; Елмасовци (Горно М.) 2 к.; Курделије (Средно М.) 1 к.; Шулишовци (Средно М.) 1 к. и Османагини (Средно М.) 1 к..
    • Доселеници: Јунузовци (Горно М.) 3 к.; Зеќировци (Горно М.) 1 к.; Ѓолезци (Горно М.) 1 к.; Мусаефендијини (Горно М.) 1 к.; Еминовци (Горно М.) 1 к.; Сулејманѓатини (Долно М.) 1 к. и Адемовци (Долно М.) 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Сопот, во која се наоѓале селата Курија, Марена и Сопот.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Марена се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Сопот.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0703 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Марена.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 791 гласач.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[10]
  • Сува Чешма — населба и некропола од доцноантичко време;
Цркви[11][12]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Марена

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото Марена има фудбалски клуб ФК Марена кој игра во третата лига на Македонија.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Денес, селото го има зафатено миграција, па многу семејства се иселуваат во соседните општини Кавадарци и Неготино, а исто така дел од жителите се иселуваат и надвор од Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 27 февруари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 191-192. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 27 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 375-377. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. "ООУ Страшо Пинџур". конс. 25 февруари 2018. 
  8. "Описи на ИМ". конс. 27 февруари 2018. 
  9. "Локални избори 2017". конс. 27 февруари 2018. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. "Цркви во Маренската парохија" (македонски). Повардарска епархија. конс. 27 февруари 2018. 
  13. "Цвеќе за жртвите од НОБ од село МаренаОпштината и градоначалникот Александар Панов не ги забораваат ниту жртвите од НОБ" (македонски). Општина Кавадарци. конс. 2012-05-10. 
  14. "Основач" (македонски). Орка. конс. 2012-05-10. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]