Прејди на содржината

Желиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Желиште
Желиште во рамките на Македонија
Желиште
Местоположба на Желиште во Македонија
Желиште на карта

Карта

Координати 41°22′58″N 21°49′57″E / 41.38278°N 21.83250°E / 41.38278; 21.83250
Регион Вардарски
Општина Кавадарци
ОбластРаец
Население во атар1нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО11020
Надм. вис.915 м
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Желиште[2] или Желишта[3] — историско село на територијата на Општина Кавадарци, денес во атарот на селото Кесендре.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Раец, кај изворите на Желишка Река. Лежело западно под падината на Бурински Рид, јужно од селото Кесендре.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е доста старо. За првпат се спомнува во грамота на феудалните владетели Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година: и єштє приложихъ оу Тиквєшоу... сєло Полошко,... сєло Жєлишта.[3] Турците го нарекувале „Девол Касабаси“. Уништено е од османлиска војска во една буна во средината на XVIII век. Преживеаните жители се преселиле претежно во Кесендре. Во 1920-тите во с. Никодин е забележан родот Новоселци (9 куќи) кој се доселил од Желиште.[4]

Кај изворот на Желишка Река е наоѓалиштето Црквиште каде има населба и некропола од доцната антика.[2]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 „Ќесендре“. Општина Кавадарци. Архивирано од изворникот на 14 јуни 2021. Посетено на 20 јули 2024.
  3. 1 2 Дуриданов, Иван (1996). Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. София: Македонски научен институт. стр. 173. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  4. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.