Вардар Чифлик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вардар Чифлик
Вардар Чифлик is located in Македонија
Вардар Чифлик
Местоположба на Вардар Чифлик во Македонија
Координати 41°33′17″N 22°06′04″E / 41.55472° СГШ; 22.10111° ИГД / 41.55472; 22.10111Координати: 41°33′17″N 22°06′04″E / 41.55472° СГШ; 22.10111° ИГД / 41.55472; 22.10111
Регион Вардарски
Општина Неготино
Население нема жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 139 м
Вардар Чифлик на општинската карта
Вардар Чифлик во Општина Неготино.svg

Атарот на Вардар Чифлик во рамките на општината
Commons-logo.svg Вардар Чифлик на Ризницата


Вардар Чифлик — историско село во Тиквешијата, чие земјиште денес е во атарот на Црвени Брегови, Општина Неготино.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото било сместено на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Криволак.

Историја[уреди | уреди извор]

В XIX век Вардар Чифлик ѝ припаѓал на Штипска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[1][2]

Населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Вардар чифлик (Vardar-Tchiflik) имал 48 жители, Македонци.[1][3]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означил Вардар чифлик (Vardar čiflik) како македонско село.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
  3. Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рр. 136-137.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927