Црвени Брегови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црвени Брегови
Поглед на Црвени Брегови.jpg

Поглед на селото

Црвени Брегови is located in Македонија
Црвени Брегови
Местоположба на Црвени Брегови во Македонија
Координати 41°32′17″N 22°05′08″E / 41.53806° СГШ; 22.08556° ИГД / 41.53806; 22.08556Координати: 41°32′17″N 22°05′08″E / 41.53806° СГШ; 22.08556° ИГД / 41.53806; 22.08556
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Negotino Municipality.svg Неготино
Област Тиквеш
Население 170[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1440
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18030, 18031
Надм. вис. 130 м
Црвени Брегови на општинската карта
Црвени Брегови во Општина Неготино.svg

Атарот на Црвени Брегови во рамките на општината
Commons-logo.svg Црвени Брегови на Ризницата


Црвени Брегови — село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел на областа Тиквеш, на западната страна на територијата на Општина Неготино, непосредно од десната страна на реката Вардар.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 130 метри. Од градот Неготино, селото е оддалечено осум километри.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 736 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 698 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има услужни објекти, а во минатото работела земјоделска задруга.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Селото во 1961 година имало 518 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 156 жители, од кои 87 биле Македонци, 27 Албанци, 14 Турци, 13 Роми и 8 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црвени Брегови имало 170 жители, од кои 90 Македонци, 27 Албанци, 17 Турци, 34 Роми и 2 Срби.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Црвени Брегови:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Ост. Вкупно
1948 7
1953 432 79 14 0 2 3 3 533
1961 359 147 0 0 0 12 0 518
1971 259 45 4 0 11 11 330
1981 162 29 13 0 0 3 3 210
1991 105 25 16 26 0 6 3 181
1994 87 27 14 13 0 8 7 156
2002 90 27 17 34 0 2 0 170

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Црвени Брегови било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пепелиште, во која покрај селото Црвени Брегови, се наоѓале и селата Брусник, Војшанци, Јанешево, Калањево, Криволак, Липа, Пепелиште, Пештерница и Џидимирци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1237 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[3]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 154 гласачи.[4] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 163 гласачи.[5]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[6]
Споменици[2]
  • Споменик во чест на НОБ

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 октомври 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 312. Посетено на 21 октомври 2021.
  3. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  4. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  5. „Локални избори 2021“. Посетено на 21 октомври 2021.
  6. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 236. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]