Пештерница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пештерница
Пештерница во рамките на Македонија
Пештерница
Местоположба на Пештерница во Македонија
Пештерница на интерактивна карта

Карта

Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Неготино
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 18025
Пештерница на општинската карта
Пештерница во Општина Неготино.svg

Атарот на Пештерница во рамките на општината
Commons-logo.svg Пештерница на Ризницата


Пештерница — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел од областа Тиквеш, од левата страна на Вардар, на подножјето на Конечка Планина. Селото е ридско на надморска височина од 420 метри. Од градот Неготино населбата е оддалечена 13 километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948129—    
1953195+51.2%
196149−74.9%
197112−75.5%
198116+33.3%
ГодинаНас.±%
19913−81.2%
19943+0.0%
20020−100.0%
202100.00%

За време на Османлиското Царство во селото се населиле Турци - Јуруци, кои во минатото заедно со другите јуручки села од Тиквешијата, ја формирале тиквешката јуручка оаза.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештерница живееле 110 жители, сите Турци.[2]

Во 1953 година, во селото живееле 195 жители, од кои 109 Турци, 49 Власи, 1 Македонец и 43 останати.

Иселувањето на турското население по Првата светска војна, а уште помасовно и во средината на педесеттите години од XX век, го зафатило и селото Пештерница, но е едно од селата кои потоа не продолжило да егзистира, ненаселувајќи го друго население. Во 2002 година, селото е целосно раселено и нема жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 110 129 195 49 12 16 3 3 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Пештерница било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Староседелци: Бајрамчевци (5 к.), Беќировци (2 к.) и Халимовци (2 к.) мешајќи се со Турците Јуруци го научиле турскиот јазик.
  • Доселеници: Беќировци (1 к.) доселени биле околу 1860 година од Неготино; Аметлер (1 к.) доселени биле околу 1870 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци; Вејселер (1 к.) и Еминлар (1 к.) доселени биле во 1900 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1228 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. на селото Пепелиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 840 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници има во Турција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  6. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  7. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]