Курија
Курија | |
Поглед на селото | |
Координати 41°31′35″N 22°00′50″E / 41.52639° СГШ; 22.01389° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 152 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18021 |
Надм. вис. | 158 м |
Слава | Спасовден |
Курија на општинската карта Атарот на Курија во рамките на општината | |
Курија на Ризницата |
Курија — село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на крајниот западен дел на територијата на Општина Неготино, на потегот помеѓу реките Црна Река и Луда Мара, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Росоман.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 158 метри, а од градот Неготино е оддалечено 7 километри.[2]
До селото може да се преку асфалтен пат од градот Неготино или преку Градско на надвозникот кај Кукуричани преку Гоцевата Шума.
Денешното село е составена од два дела, кои ги двои реката Луда Мара, а кои во минатото претставувале две одвоени села наречени Рисјанска и Ислам Курија.
Рисјанска Курија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на ниска тераса на левиот брег на Луда Мара. Под селото се наоѓа чешма.[3]
Селото има збиен тип, а во минатото имало квадратен облик поради тоа што било чифлиг.[3]
Ислам Курија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на ниска тераса на десниот брег на Луда Мара. Во селото има една чешма.[4]
Селото има збиен тип.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Рисјанска Курија
[уреди | уреди извор]Чифлигот бил основан од страна на кавадаречкиот Кантур-бег на почетокот на XIX век. Подоцна, кога Кантуровци осиромашиле и ја изгубиле власта, го продале чифлигот на богатиот христијанин Димко-паша од Велес.[3]
Ислам Курија
[уреди | уреди извор]Стара Курија до почетокот на XIX век била христијанско село, но подоцна од страна на Кантур-бег било уништено и населено со муслимани, како и малкумина чифчии.[4]
До 1913 година, селото било муслиманско и поради тоа го добило името Ислам или Турска Курија. Понекогаш било нарекувано и само Корија, што на турски означува „шума“. По 1913 година, муслиманите заминале во Турција, а на нивно место се доселиле христијани.[4]
Во периодот 1919-1921 година, во селото биле донесени и 28 семејства на колонисти.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 962 хектари, на пасиштата отпаѓаат 550 хектари, а на шумите само 21 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има услужни објекти, а во минатото била активна земјоделска задруга.[2]
Селаните во Рисјанска Курија се занимавале со земјоделство, најпрвин како чифчии, а по Првата светска војна добиле по неколку хектари своја земја. Земјиштето е доста плодно, најмногу долж текот на Црна Река, чија долина тука е широка четири километри.[3] Селаните во Ислам Курија биле исто така земјоделци, кои по војната добиле своја земја. Долж долината на реката земјата е доста плодна, а во минатото многу се одгледувал афион. Покрај реката, исто така, има и ливади, кои се косат и по двапати.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Курија имало 213 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Курија имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Курија во 1961 година било средно по големина село, со 400 жители, од кои 366 биле Македонци, 13 Срби, 2 Албанци и 19 жители останати, додека во 1994 година селото преминало во мало со 234 жители, од кои 232 биле Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Курија имало 214 жители, од кои 210 Македонци, 3 Власи и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 152 жители, од кои 142 Македонци, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 213 | 136 | 482 | 519 | 400 | 338 | 292 | 219 | 234 | 214 | 152 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Рисјанска Курија
[уреди | уреди извор]Рисјанска Курија било христијанско македонско село.[3]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Староседелци: Бојковци (2 к.), први се доселени на чифлигот, но не се знае од каде се доселени;
- Доселеници: Трајковци (2 к.), доселени се во 1866 година од селото Ногаевци кај Велес; Стојановци (1 к.), доселени се во 1888 година од селото Долни Дисан; Брдаровци (1 к.), доселени се во 1902 година од селото Сопот; Бошковци (2 к.), доселени се во 1902 година од селото Марена; Јовановци (2 к.), доселени се во 1902 година од селото Сопот; Науновци (1 к.), доселени се во 1904 година од селото Рибарци; Росоманлије (1 к.), доселени се во 1906 година од селото Росоман; Уланчетовци (1 к.), доселени се во 1906 година од селото Уланци кај Велес; Дзафовци (1 к.), доселени се во 1907 година од селото Кукуричани; Дрчевци (1 к.), доселени се во 1909 година од селото Драчевица; Ѓорчевци (1 к.), доселени се во 1911 година од селото Бегниште; Кара-Бошковци (1 к.), доселени се во 1911 година од селото Марена и Бошковци (1 к.), доселени се во 1913 година од селото Куманичево.
Ислам Курија
[уреди | уреди извор]Ислам Курија било христијанско македонско село.[4]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Постари доселеници: Трипковци (2 к.), дошле кон крајот на првата половина на XIX век, но не се знае од каде се доселени;
- Понови доселеници: Велковци (1 к.), Никола се доселил во 1906 година од селото Стрмашево; Миловци (1 к.), доселени се во 1910 година од селото Рисјанска Курија, каде биле староседелци доселени на почетокот на XIX век, но не знаат од каде; Николовци (1 к.), Лазо се доселил во 1911 година од селото Стрмашево; Мојсовци (2 к.), доселени се во 1911 година од селото Горни Дисан; Корабаровци (2 к.), доселени се во 1914 година од селото Паликура, а имаат потекло од Неготино; Вакафци (1 к.), доселени се во 1914 година од селото Паликура, а таму од Ногаевци; Ставровци (1 к.), Стефан се доселил во 1914 година од селото Паликура, а таму од Рисјанска Курија во 1890 година, додека понатамошно потекло не знаат; Велковци (1 к.), Ефрем се доселил во 1914 година од селото Паликура, а таму од Долна Бошава и Недовци (1 к.), доселени се во 1914 година од селото Рисјанска Курија, а по потекло од Војшанци.
- Колонисти:
- Доселени во 1919 година: Пантовиќи (1 к.), доселени од Пајсиевиќ, Крагуевачки округ;
- Доселени во 1920 година: Шуќуровиќи (2 к.), Зарзиќи (1 к.), Дениќи (2 к.), Владисављевиќи (1 к.), Ковачевиќи (2 к.), Шабатовиќи (1 к.), сите од Шљивовица, Ужички округ;
- Доселени во 1921 година: Миневиќи (1 к.), доселени од Дрвар; Грубари (1 к.) и Дешиќи (1 к.), доселени од Тринќа Брега; Кнежевиќи (2 к.), доселени од Видово Село; Бајиќи (2 к.), доселени од Мокрени; Краљеви (1 к.), доселени од Прекаје; Николиќи (1 к.), доселени од Крупца; Ивиќи (1 к.), доселени од Поповиќ; Беломариќи (1 к.), Цурковиќи (1 к.), Бељаски (1 к.) и Ергиќи (1 к.), доселени од Мандолина; Кожанегре (3 к.) и Раѓеновиќи (1 к.), доселени од Пржна.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Рисјанска Курија
[уреди | уреди извор]Иселени се Ташовци, кои се иселиле во Штип и во Прилеп.[3]
Ислам Курија
[уреди | уреди извор]Се знае за отселени 22 куќи на муслимани во Мала Азија во периодот 1913/14.[4]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Гоце Делчев“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино
- Дом на културата (разрушен)
- Амбуланта
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Курија било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Неготинска градска општина, во која покрај селото Курија, се наоѓале и градот Неготино и селата Дуброво и Тимјаник. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓале во некогашната општина Сопот, во која влегувале селата Курија, Марена и Сопот.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1235 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 141 гласач.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Влакно — населба од неолитското и бронзеното време;
- Доброглед — населба и некропола од римското време;
- Луда Мара — населба од римското време;
- Манастириште — населба од римското време; и
- Оградиште — населба од римското време.
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
- Споменици
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото работи фудбалскиот клуб ФК „Младост“.[17]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќи во селото
-
Поглед на селото од далечина
-
Селската чешма
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 169. Посетено на 17 октомври 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 371–372.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 372–374.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 154.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 октомври 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 234. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 17 октомври 2021.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|