ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино
Гоце Делчев | |
|---|---|
Влезот на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Неготино |
| Наречено по: | Гоце Делчев |
| Нас. место: | Неготино |
| Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 117 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1972 |
| Директор: | Петар Мантев |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | gdnegotino.weebly.com |
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Неготино; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Неготино, Општина Неготино.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино.
Историја
[уреди | уреди извор]Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино започнало со работа во 1972 година во месец ноември.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение (освен тоа во Долни Дисан, кое е со девет одделенија), а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:
- ПУ „Гоце Делчев“ - Долни Дисан, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Курија, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Тимјаник, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Гоце Делчев“ - Тремник, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 година подрачното основно училиштето во селото Војшанци, кое дотогаш било подрачно училиште на ова училиште му било отстапено на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино.
Организација
[уреди | уреди извор]Во училиштето учат околу 1000 ученици од градот и приградските места, распоредени во 55 паралелки. На почетокот во училиштето биле вработени 52 наставници, а денес во него работат вкупно 64 наставници од кои 35 во предметна, а 29 во одделенска настава.
Опременост
[уреди | уреди извор]Училиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина, која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена.
Натпревари
[уреди | уреди извор]Училиштето постојано учествува на разни училишни, регионални, државни или меѓународни натпревари и постигнува солидни резултати. Традиционално неколку години по ред (2005 - 2007 г.), во училиштето во месец март по повод месецот на франкофонијата се спроведува републичкиот натпревар по француски јазик.[2]
Освоени награди
[уреди | уреди извор]Училиштето е добитник на наградата Осми Ноември.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Републички натпревар по француски јазик "POETES EN HERBE"“. Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2021-08-14.

