Дуброво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дуброво е село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.

Дуброво
Дуброво is located in Македонија
Дуброво
Местоположба на Дуброво во Македонија
Општина Општина Неготино
Население 49 жит.
(поп. 2002)
Дуброво на општинската карта
Дуброво во Општина Неготино.svg

Атарот на Дуброво во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Дуброво се наоѓа на 5 километри источно од градот Неготино веднаш до десниот брег на реката Вардар. Дуброво се наоѓа од десниот брег на Вардар веднаш наспроти селото Војшанци, во подножјето на ридот Цуцка на кој се наоѓа манастирот „Св. Ѓорѓи“. Селото е сместено помеѓу автопатот „Александар Македонски“ (Е-75) (од лева) и меѓународната железничка пруга (од десна страна) од меѓународниот европски коридор 10.

Историja[уреди | уреди извор]

Потеклото на името се поврзува со дрвото даб, односно називот „дубрава“ кој означува дабова шума, што е чест и многу раширен топоним во сите словенски земји. За името на селото постои предание. Имено, покрај Вардар има бујни врбјаци и тополи, така што постоела една мала но густа гора во долината. Стар збор за гората е – “дубрава”. Оттука и името на селото Дуброво, што значи – “долинска гора”[1].

Селото Дуброво од секогаш било мало и со малку население. Се до XVI век во селото живееле Македонци. Најверојатно, исламизацијата и на ова село е со онаа од другите околни села, т.е токму во овој век е извршена. Потурчениците во Дуброво живееле се до средината на XIX век кога Рушид-ага со своите насилници ги принудил да го напуштат селото.Тој дотерал едно цело крдо свињи. Муслиманите гонети од верскиот фанатизам во бесценица му ја продавале земјата и го напуштиле селото[2]. Во средината на XIX селото било чифлик во кое живеле 200 жители - Македонци христијани, кои во втората половина на истиот век започнале да се иселуваат во Неготино. Беглерите успеале да ја задржат земјата се до 1928 година, кога окупаторската кралска српска власт преку аграрната реформа населила 12 колонистички семејства од Босна. По Втората светска војна во селото се населиле неколку македонски семејства од Егејска Македонија кои до денес живеат во селото[3] (слично како и во блиското Црвени Брегови).

Економија[уреди | уреди извор]

Иако географската положба на Дуброво е одлична поради близината на сообраќајните правци, но и на големите индустриски капацитет, малубројното население се занимава со лозарство и земјоделство. Во непосредна близина на Дуброво се наоѓа ТЕЦ „Неготино“ со 400 kw далновод со кој се поврзуваат Македонија и Бугарија, винарски визби („Повардарие“) и погони на некогашниот прехранбен комбинат „Македонија“ како и истоимената железничка станица. Во зимскиот период голем број на овчарски стада од Западна Македонија доаѓаат на презимување во непосредната околина на Дуброво.

Во најново време најактуелна е изграбата на железарница (со топилница) на кавадаречката фирма „ИГМ“ која е под сериозни дебати и спротиставувања на жителите на Неготино и околината[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Дуброво живеат 49 жители[5] од кои:

  • Македонци 35 (71,43%)
  • Турци 10
  • Роми 1
  • Срби 1
  • Албанци 1
  • останати 1

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]