Платуња (Дуброво)
Платуња — археолошко наоѓалиште во неготинското село Дуброво. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1,5 км северозападно од селото, од десната страна на стариот пат за Неготино. По површината на нивите има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и грамади од камења.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 233. ISBN 9989-649-28-6.