Гробишта (Криволак)
Гробишта — археолошко наоѓалиште во неготинското село Криволак. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. На западниот раб, веднаш кај влезот во селото, во 1972 година при изградбата на асфалтниот пат е уништен дел од некропола. Во профилите од засеците на патот се гледаат гробови со конструкција од камени плочи, поставени во правец запад-исток. Кај мештаните се чуваат повеќе археолошки предмети најдени во гробовите.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Брест — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Тошова Лака — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Чифлик — населба од доцноантичкото време;
- Криволак;
- Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 234, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |