Романов Гроб (Тремник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Романов Гроб


Карта

Местоположба 41°26′17.33590″N 22°09′27.56761″E / 41.4381488611° СГШ; 22.1576576694° ИГД / 41.4381488611; 22.1576576694Координати: 41°26′17.33590″N 22°09′27.56761″E / 41.4381488611° СГШ; 22.1576576694° ИГД / 41.4381488611; 22.1576576694
Основни податоци
Место Тремник
Општина Неготино
Тип

 некропола  сакрален објект


Период македонско време
римско време
Портал „Археологија“

Романов Гроб, познато и како Романков Гроб, Ормангов/Орманков Гроб, Аромунов Гроб[1]археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола во која биле пронајдени повеќе гробови градени од камени плочи.[2] Наоѓалиштето е познато по тоа што во 2008 година биле пронајдени златни артефакти со тежина од 1,200 грама.[3] Се наоѓа на 275 м источно од селската чешма, на блага падина.

Ископувања и откритија[уреди | уреди извор]

1950ти[уреди | уреди извор]

Во 1950тите бил ископан еден гроб и од него биле извадени две надгробни споменици. Во близина на гробот биле најдени остатоци од темели на стара градба и парчиња од римски ќерамиди.[4] Старата градба е доцноантичка сакрална градба. Од ова наоѓалиште биле изнесени повеќе надгробни стели со грчки натпис и парапетна плоча со стилизирани волути на јонски капител.[1]

21 век[уреди | уреди извор]

Во откритието во 2008 година, биле најдени четири малоазиски фибули од чисто злато и која секоја од нив е долга 10 см и има тежина од 140 грама. Речиси се идентични една со друга. Главите на фибулите имаат облик на змиска глава, со пет копчиња на секоја една фибула. Иглите им се бронзени. Според вредноста, тие не биле носени во секојдневна прилика и биле носени од важни луѓе бидејќи слични вакви фибули биле пронајдени во Кутлеш, во сопственост односно во гробницата на Филип II Македонски.[5] Заедно во фибулите, најдено било и златна кутија за предмети која е со филиграни и гранулирана, наречена пиксис. Таа е со капак и цилиндрична и тежи 30 грама. Најдени биле и ѓердани, од кои едниот поаристократски направен во 30 делчиња со филиграни, еден поскромен ѓердан со монистри во облик на костен, и два слични ѓердани кои се филигранирани и гранулирани кои нивните обрачи се со особености од 5 век п.н.е.[6] Една релјефна плакета, со тежина од 70 грама, со приказ на Посејдон и трозабец кој стои меѓу хипокампус. Откритието содржи и два статери од Филип II и Александар III Македонски. Според археолошките претпоставки, предметите биле закопани пред келтската инвазија во 279 година п.н.е. и проследената пауза на живеење во ова подрачје.[7]

Ископувања биле направени во 2012 и 2013 година при што во голема мера било разоткриено наоѓалиштето, неговите граници и статографијата.[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Винчиќ, Живојин (1996). 1000 антика во Тиквешијата. Неготино: Собрание на Општина Неготино. стр. 106. |access-date= бара |url= (help)
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Јованов, Марјан; Јакимовски, Антонио (2016). „Balcanoslavica“. 45 (1–2). Прилеп: 123. ISSN 0350-0179. Наводот journal бара |journal= (help); |access-date= бара |url= (help)
  4. Керамитчиев, Апостол (1961). Зборник (1959-1960). 3. Скопје: Археолошки музеј - Скопје. стр. 115. |access-date= бара |url= (help)
  5. Јованов, Марјан; Јакимовски, Антонио (2016). „Balcanoslavica“. 45 (1–2). Прилеп: 125. ISSN 0350-0179. Наводот journal бара |journal= (help); |access-date= бара |url= (help)
  6. Јованов, Марјан; Јакимовски, Антонио (2016). „Balcanoslavica“. 45 (1–2). Прилеп: 126–127. ISSN 0350-0179. Наводот journal бара |journal= (help); |access-date= бара |url= (help)
  7. Јованов, Марјан; Јакимовски, Антонио (2016). „Balcanoslavica“. 45 (1–2). Прилеп: 127. ISSN 0350-0179. Наводот journal бара |journal= (help); |access-date= бара |url= (help)
  8. Јованов, Марјан; Јакимовски, Антонио (2016). „Balcanoslavica“. 45 (1–2). Прилеп: 124. ISSN 0350-0179. Наводот journal бара |journal= (help); |access-date= бара |url= (help)
  9. Ископувања на Мали Дол. Архивирано од изворникот на 2016-03-18. Посетено на 2020-12-29.