Брест (Криволак)
Брест — археолошко наоѓалиште во неготинското село Криволак. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време.
На околу 3 км северно од селото, во близината на левиот брег на реката Вардар, на една блага падина се пронајдени гробови со камена конструкција од типот циста. Во близината на гробовите, односно некрополата, се среќаваат фрагменти од керамички садови и многуброен градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 234. ISBN 9989-649-28-6.