Белата Земја (Пепелиште)
Белата Земја или Трнче — археолошко наоѓалиште во неготинското село Пепелиште. Наоѓалиштето претставува населба од неолитското, населба со некропола од римското време и средновековна некропола. На 2 км југозападно од селото, непосредно до коритото на реката Вардар, од двете страни на каналот за наводнување, во нивите на ЗИК „Повардарје“ има фрагменти од неолитска керамика, куќен лепеж и орудија од камен и кремен. Во истиот комплекс, во нивата на еден жител се пронајдени гробови со конструкции од камени плочи - тип циста, а по површината фрагменти од керамички садови премачкани со убав фирнајс, фрагменти од питоси, разновиден градежен материјал и делови од архитектонска пластика. На микролокацијата Стреа во 1980/90 година Народниот музеј од Неготино и Институтот за истражување на старословенската култура од Прилеп извршиле ископување при што се истражиле и документирале 100 гроба од типот циста, со мошне гробен инвентар. Некрополата егзистирала од крајот на X до крајот на XI век.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Пепелиште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Пепелиште
- Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Неготинско