Прејди на содржината

Градиште (Неготино)

Градиште

Остатоци кои се наоѓаат на наоѓалиштето.

Карта

Местоположба 41°30′12.04110″N 22°05′59.68306″E / 41.5033447500°N 22.0999119611°E / 41.5033447500; 22.0999119611
Основни податоци
МестоНеготино
ОпштинаНеготино
Тип

 утврдена населба


Период хеленистичко време
римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во градот Неготино. Претставува утврдена населба од хеленистичкото, римското време и доцноантичкото време. Се наоѓа на 2 километри северно од средиштето на градот, на тераса што се издига покрај левот брег на Вардар. Постојат тези и претпоставки од археологот Иван Микулчиќ, и од други археолози, дека ова наоѓалиште е античкиот град Антигона.[1][2][3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Ридот на кој се наоѓа Градиште.

Месноста Градиште се наоѓа на јужниот дел на една долга и тесна тераса и која е 60 м над реката Вардар. Се наоѓа на само околу 550-600 м од северниот раб на Неготино. Поради поставеноста, платото е непристапно и природно одбрането од западната, јужната и источната страна, додека од пристапната северна страна имало заштитен бедем и камен ѕид. Оваа рамна издигнатина со овален облик има површина од 3,3. хектари.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Таму имало пајонска населба која престанала да постои во 3 век п.н.е. Поради стратешката важност, македонскиот крал Филип II го возобновил местото. Тука минувал важен месен пат кој одел кон Витачево и Тиквешијата. Истиот пат го сечел Вардарскиот пат и одел кон Серта на исток. За време на римската власт во античко време, тврдината ја задржала својата важност и функција бидејќи е утврдено дека ѕидините биле пломбирани со варов малтер, а влезот бил зајакнат со две кули.[4]

Се смета дека утврдувањето последен пат било обновено за време на владеењето на Јустинијан I, бидејќи таму е најдена негова монета.[3]

За време на Првата светска војна, овде биле копани ровови.[5]

Археолошки остатоци и ископувања

[уреди | уреди извор]
Внатрешната страна на западниот ѕид.

На зарамнетото плато стојат остатоците од одбранбениот бедем (тврдина). Во 1953 година биле вршени земјени работи, додека во 1983 година биле извршувани археолошки ископувања.[5][6] Во овие археолошки ископувања биле откриени множество керамички материјал од предкласичното, класичното и хеленистичкото време. Била најдена и доцноантичка керамика со најмногу материјал има IV до VI век.[6] Најстарите остатоци датираат од 7-6 век п.н.е. Постарата предхеленистичка и хеленистичка населба била утврдена со камени ѕидови од типот плочи. Населбата во римско време е утврдена со варов малтер. Во југот на наоѓалиштето има движен археолошки материјал дури и од доцната праисторија, материјал кој бил најден под израмнети слоеви од земја, масна земја и речни каменчиња по куќа од хеленистичко време.[6]

Во должина на внатрешната страна на западниот ѕид биле откопари римски квартири односно воени простории. Северно од утврдувањето била незаштитената цивилна населба од 4,5 хектари и гробиштата.[4] Над некрополата има слаби извори на вода.[3] На површината се присутни многубројни фрагменти од керамички садови и други археолошки материјали со различна временска и културна припадност. Површинските наоди се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Музејот на град Неготино.[7]

Во периодот од 2009 до 2015 година, преку проектот „Неготино: Средната долина на реката Вардар (Македонија) во хеленистичкиот и римскиот период“ биле извршени систематски ископувања. Од 2009 до 2011 година било финансирано од страна на шпанскиот Валенсиски институт за класични и ориентални студии. Од 2012 до 2015 година бил предводен од полскиот Научно истражувачки центар. Други помали фондови имало од Факултетот за историски студии при Гдањскиот универзитет, македонското Министерство за култура, и приватен полски спонзор.[8]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Микулчиќ, Иван (1999). Антички градови во Македонија (книга 8). Скопје: МАНУ. стр. 171–172. |access-date= бара |url= (help)
  2. Brillowski, Wojciech; Koperkievicz, Arkadiusz; Sanev, Goran; Nickolas, Sekunda. Polish-Macedonian Excavations at Negotino Gradište - Prelliminary Report 2009-2015. стр. 64–65. |access-date= бара |url= (help)
  3. 1 2 3 Винчиќ, Живојин (1996). 1000 антика во Тиквешијата. Неготино: Собрание на Општина Неготино. стр. 88. |access-date= бара |url= (help)
  4. 1 2 3 Микулчиќ, Иван (1999). Антички градови во Македонија (книга 8). Скопје: МАНУ. стр. 172. |access-date= бара |url= (help)
  5. 1 2 Brillowski, Wojciech; Koperkievicz, Arkadiusz; Sanev, Goran; Nickolas, Sekunda. Polish-Macedonian Excavations at Negotino Gradište - Prelliminary Report 2009-2015. стр. 67. |access-date= бара |url= (help)
  6. 1 2 3 Винчиќ, Живојин (1996). 1000 антика во Тиквешијата. Неготино: Собрание на Општина Неготино. стр. 87. |access-date= бара |url= (help)
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 235, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. Brillowski, Wojciech; Koperkievicz, Arkadiusz; Sanev, Goran; Nickolas, Sekunda. Polish-Macedonian Excavations at Negotino Gradište - Prelliminary Report 2009-2015. стр. 65–67. |access-date= бара |url= (help)