Белград (Долни Дисан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белград is located in Македонија
Белград
Местоположба на Белград во Македонија
Местоположба 41°25′43″N 22°4′56″E / 41.42861° СГШ; 22.08222° ИГД / 41.42861; 22.08222Координати: 41°25′43″N 22°4′56″E / 41.42861° СГШ; 22.08222° ИГД / 41.42861; 22.08222
Основни податоци
Место Долни Дисан
Општина Неготино
Тип

Археомак 2.0 графички знак (храм).svg храм Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Белград — населба, храм и некропола од римското време во селото Долни Дисан.

На 3,5-4 километри западно од селото, при обработувањето на земјата се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На лозовите површини на агрокомбинатот „Тиквеш“ од Кавадарци, парцела 25А, со длабоко орање е откриено и делумно оштетена некропола што се простира на површина долга 80-100 метри и широка 40 метри. Во средиштето на парцелата се извадени тегули од гробови „на две води“, како и десетина надгробни споменици се работи за гробови со кремирани покојници од I до IV век. Понастрана од нив се извадени плочи од гробови од типот Циста. Што се однесува до населбата, таа се наоѓала на малите височинки околу јужниот раб на плантажите.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069