Луда Мара (Курија)
Луда Мара — археолошко наоѓалиште во неготинското село Курија. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на подрачјето близу до историското село Кукуричани.
Во нивата на Д. Трајков оддалечена 1 км југоисточно од железничката станица „Кукуричани“, расположена на просторот помеѓу автопатот (А1) и пругата, се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. Во 1979 г. сопственикот откопал питос кој денес се чува во Музејот во Неготино.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 235. ISBN 9989-649-28-6.