Железнички пруги во Македонија
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Железнички линии во Република Македонија се распространети кон сите географски правци во државата, од кои една железничка линија е меѓународна, а уште 2 се меѓудржавни.
Ширината на колосекот е нормална 1435 мм, а просечната брзина со која се движат возовите на железничките линии во Република Македонија е 80 км/ч. На меѓународната железничка линија од коридор Х, овозможена е брзина до 100 км/ч, а поради дотраеноста и лошата состојба на пругата Скопје - Кичево брзината на возовите е ограничена до 60 км/ч (на еден дел и до 70 км/ч).
Единствена електрифицирана железничка линија во Република Македонија е меѓународната пруга од коридор Х, на потегот од Табановци до Гевгелија.
Детален преглед на железничките линии во Република Македонија, со сите железнички станици и стојалишта:
- Скопје - Маџари - Илинден - Миладиновци - Дељадровци - Агино Село - Романовце - Превој - Куманово - Карпош - Табановци (продолжува кон Србија)
- од Куманово продолжува кон: Перо Чичо (Клечевце) - Довезенце - Бељаковци (во изградба кон Бугарија)
- Скопје - Железарница - Скопје Север - Ѓорче Петров - Сарај - Свилари (Сулари) - Радуша - Орашје - Јегуновце - Југохром - Ратае - Тетово - Жеровјане - Врановци - Гостивар - Лакавица - Падалиште - Зајас - Строгомиште - Длапкин Дол - Кичево
- од Ѓорче Петров продолжува кон: Волково - Генерал Јанковиќ - Приштина (Косово)
- Скопје - Лисиче - Драчево - Јане Сандански - Орешани - Зелениково - Станица Зелениково - Кадина Река - Пчиња - Рајко Жинзифов - Велес, од оваа линија продолжуваат железнички линии во следниве 3 други правци:
- Згрополци - Ногаевци - Градско - Стоби - Кукуричани - Црвени Брегови - Криволак - Неготино - Дуброво - Демир Капија - Клисура - Миравци - Милетково - Смоквица (стара) - Смоквица (нова) - Прдејци - Гевгелија (продолжува кон Грција)
- Браќа Кошулчеви (Отовица) - Јазла - Тошо Арсов - Орце - Овче Поле - Криви Дол - Штип - Балван - Ванчо Прке - Злетовица - Соколарци - Облешево - Кочани
- Тополка - Чашка - Васил Антевски-Дрен - Мартолци - Стари Град - Согле - Теово - Богомила - Ореше - Гостиражни - Слепче - Браилово - Сенокос - Прилеп - Галичани - Бакарно Гумно - Лознани - Беранци - Никола Карев - Даме Груев - Битола - Кременица (продолжува кон Грција)
- од станицата Бакарно Гумно продолжува кон Воѓани - Бигла - Сопотница