ЖС „Кукуричани“
ЖС „Кукуричани“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица (сликана од воз) | |
Општи информации | |
Место | Кукуричани Општина Неготино Македонија |
Надморска височина | 135 |
Сопственик | Македонски железници |
Линии | Велес — Гевгелија |
Колосеци | 3 |
Железничка станица „Кукуричани“ — железничка станица во ,месноста на некогашното село Кукуричани, Општина Неготино, на железничкиот коридор 10 во јужниот дел на земјата.
ЖС Кукуричани е железничка станица и железничка крстосница на меѓународната железничка пруга Скопје - Гевгелија - Солун. Со изградбата на железничката пруга Скопје - Солун во 1873 година, во месноста Кукуричани е изградена железничка станица. Железничката станица Кукуричани, која се наоѓа веднаш на десниот брег на реката Вардар, помеѓу железничките станици Градско и Криволак, односно помеѓу железничките стојалишта Стоби и Црвени Брегови е во функција сè до денес и е најчесто одредиште на риболовците од цела Македонија. Од главната станица Скопје е оддалечена 89,1 километри.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на железничката станица
-
Поглед на железничката станица
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ЖС „Кукуричани“ на Ризницата ?
Оваа статија за железничка станица во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |