ЖС „Миравци“
Изглед
ЖС „Миравци“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица | |
Општи информации | |
Место | Миравци Општина Гевгелија Македонија |
Сопственик | Македонски железници |
Линии | Скопје — Гевгелија |
Железничка станица „Миравци“ — железничка станица во селото Миравци. Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на два ката. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, покрај патот кој води до самото село. Низ железничката станица поминуваат регионални и домашни возови на линијата Скопје - Гевгелија.
Историја
[уреди | уреди извор]Пругата до железничката станица „Миравци“ е направена во 1872 година, кога селото било поврзано со Солун. Подоцна, истата пруга била продолжувана во неколку фази до Скопје.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на железничката станица
-
Пероните на станицата
-
Плоча за создавањето на партизанскиот одред „Сава Михајлов“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Стојанчова, Пелагија (7 април 2012). „Воз - влези ако можеш... или ако дојде“. Радио Слободна Европа. Посетено на 9 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ЖС „Миравци“ на Ризницата ?
41°19′27.33″N 22°26′40.89″E / 41.3242583° СГШ; 22.4446917° ИГД