ЖС „Градско“

Координати: 41°34′39″N 21°56′48″E / 41.57750° СГШ; 21.94667° ИГД / 41.57750; 21.94667
Од Википедија — слободната енциклопедија
ЖС „Градско“
Поглед на стар објект на железничката станица (сликан од воз)
Општи информации
МестоГрадско
Општина Градско
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииВелесГевгелија
Историја
Отворена1871

Железничка станица „Градско“железничка станица на железничкиот коридор 10 во селото Градско, во југоисточниот дел на Македонија. Железничката станица била изградена во 1871 година и претставувала една од најголемите и најубавите архитектонски градби на железнички станици во Македонија.

Претставува трета железничка станица од Велес, од кој е оддалечена 27,4 километри, додека од главната железничка станица во Скопје е оддалечена 78,3 километри. Низ станицата редовно поминуваат домашните возови на линијата Скопје - Гевгелија, како и меѓународните возови на линиите Скопје - Солун и Белград - Солун.

Историја[уреди | уреди извор]

Самата железничка станица била изградена во 1871 година и претставувала вистински архитектонски бисер во тоа време. Поседувала подземни премини кои воделе директно до самите перони, кои функционирале сè до минатиот век, за сега да бидат покриени со лимени плочи.

На 26 февруари 1916 година, во време на Првата светска војна, започнала изградбата на теснолиниската пруга од железничката станица „Градско“ до селото Дреново во должина од 20,1 километар за потребите на Македонскиот фронт. Подоцна оваа теснолиниска железничка линија била продолжена до Прилеп и до Битола.

Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Градско, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блажевска, Светлана (2 ноември 2014). „Градени во турско, сега ќе добијат европски лик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 22 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°34′39″N 21°56′48″E / 41.57750° СГШ; 21.94667° ИГД / 41.57750; 21.94667