Музеј на град Неготино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Музеј на град Неготино
Музеј на градот Неготино 1.JPG
Зградата на музејот
Основан1978
МестоНеготино, Македонија Македонија
ФондИсториска постановка
Археолошка постановка
Мреж. местоwww.negotino.gov.mk

Музеј на град Неготиномузеј во градот Неготино. Музејот е основан во 1978 година и денес претставува локална установа чијашто надлежност е да овозможи заштита, чување и промоција на културно-историското наследство на подрачјето на градовите Неготино и Демир Капија и нивните пошироки околини.

Активности во музејот се спроведуваат преку четири одделение: Археолошко одделение, Историско одделение, Етнолошко одделение и Одделение за ликовна уметност. Музејот располага со изложбен простор со површина од 450 м2 за постојано изложени музејски поставки и дополнителен простор со површина од 100 м2 за привремено изложени поставки.

Првата изложба во музејот била организирана во 1978 година, на којашто биле изложени ликовни дела на уметникот Димче Протуѓер.

Поставки[уреди | уреди извор]

Историска поставка[уреди | уреди извор]

Историската поставка е постојана поставка, поставена во 1979 година. Преку неа е претставена историјата на градот и околината во периодот од Илинденското востание и Втората светска војна. Во оваа област, музејот располага со над 800 документи, орудија и примероци на оружје од застапениот период.

Археолошка поставка[уреди | уреди извор]

Археолошката поставка е постојана поставка, поставена во 2003 година. Поставката ја сочинуваат археолошки предмети пронајдени на археолошките наоѓалишта во Неготинско. Во рамки на активностите на музејот од поново време се извршени археолошките ископувања на наоѓалиштето Градиште во непосредба близина на градот, Орманков Гроб во близина на селото Тремник, како и други наоѓалишта. Поставката денес брои околу 1000 изложени археолошки предмети.

Етнолошка поставка[уреди | уреди извор]

Поставувањето на постојана етнолошка поставка е планирано во иднина, којашто ќе ја сочинуваат етнолошки предмети пронајдени на територијата на градот. Нивниот број денес изнесува над 300.

Галерија на виното[уреди | уреди извор]

Музејот во својата надлежност вклучува и Галерија на виното, којашто е сместена во манастирот „Св. Ѓорѓи“. Основна намена на галеријата е заштита на артефактите поврзани со лозарството и винарството во неготинско, па така во неа се изложени голем број археолошки наоди и етнолошки предмети од овие области.

Галерија[уреди | уреди извор]

Артефакти во дворот на музејот
Зградата на музејот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°28′56″N 22°4′57″E / 41.48222° N; 22.08250° E / 41.48222; 22.08250