Димче Протуѓер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димче Протуѓер
Роден 24 октомври 1928
Охрид, Кралство СХС
Починал 30 март 1995
Скопје
Занимање сликар, резбар и графичар

Димче Протуѓер (Охрид, 24 октомври 1920Скопје, 30 март 1995) — македонски уметник, сликар, резбар и графичар.

Протуѓер е меѓу основоположниците на сликарството во Македонија по Втората светска војна.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во семејството на Панде Протуѓеров на 24 октомври 1920 година во Охрид, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Протуѓер е еден од основачите на ликовната група Денес. Слика предели, мртви природи, прави илустрации за книги и се занимава со дрворезбарство. Бил директор на резбарската школа во Охрид.[1]

Починал во Скопје на 30 март 1995 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „На денешен ден почина охридскиот сликар Димче Протуѓер“. Ohrid Press. 30 март 2016. Посетено на 24 февруари 2024.