Демир Капија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Демир Капија
град (паланка)
Поглед на градот
Поглед на градот
Знаме на Демир КапијаГрб на Демир Капија
Карта
Местоположба на Демир Капија во Македонија
Координати: 41°24′N 22°14′E / 41.400° СГШ; 22.233° ИГД / 41.400; 22.233Координати: 41°24′N 22°14′E / 41.400° СГШ; 22.233° ИГД / 41.400; 22.233
ДржаваМакедонија
Регион Вардарски
Општина Демир Капија
Управа
 • ГрадоначалникЛазар Петров (СДСМ)
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2021)
 • Вкупно2,643
Часовен појасUTC+1
 • Лете (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 043
Рег. таб.DK
Мреж. местоopstinademirkapija.gov.mk

Демир Капија (Железна Врата на турски) — гратче во Ниска Македонија, непосредно пред познатата Демиркаписка Клисура од десната страна на реката Вардар.

Демир Капија е важна железничка станица и се наоѓа непосредно до меѓународниот автопат Е75. Гратчето претставува административно седиште на истоимената општина.

Географија[уреди | уреди извор]

Демир Капија гледана од средновековниот град Просек.
Поглед на градот од патот за Челевец

Гратчето се наоѓа во јужниот дел на областа Тиквешија, пред Вардар да навлезе во Демиркаписката Клисура. Низ Демир Капија тече реката Бошава, којашто недалеку од него се влева во Вардар. Се наоѓа на 115 метри надморска височина. Градот е оддалечен 19 километри јужно од Неготино, 29 километри југоисточно од Кавадарци, 35 километри северозападно од Валандово, 45 километри северно од Гевгелија и 60 километри југоисточно од Велес.

Историја[уреди | уреди извор]

Демир Капија во рамките на Општина Демир Капија

Минатото на Демир Капија е поврзано со познатата живописна Демиркаписка Клисура, место од кое што почнувале и завршувале многу воени походи, место кое во различни периоди било граничник на повеќе владетели и место кое што било седиште на посебни феудални господари кои ја окупирале територијата и владееле со неа.

Најпрво се споменува населба која егзистирала околу тврдината, под името стар римски град Стене. По пропаста на Римското Царство, тврдината станува место за постоење на уште еден град кој бил наречен средовековниот Просек. За овој град има повеќе пишани податоци, особено оние поврзани со имињата на феудалните господари Добромир Хрс и Добромир Стрез. Со доаѓањето на Османлиите населбата во тврдината престанала да живее, месното население било раселено на ново место неколку километри на север и била наречена Бања, според топлите водени бањи кои на овој простор постојат од многу старо време. По катастрофалниот земјотрес во 7 и 8 март 1931 година населението од селото Бања било иселено на просторот кај железничката станица Демир Капија. Тука започнал нов живот, биле отворени неколку трговски и занаетчиски објекти, а подоцна било отворено и учулиште како и неколку стопански објекти.

Најголемиот дел од минатото на Демир Капија е поврзано со постојани војни и трауми кои ги доживувало месното население. Овој град бил окупиран и завладуван од повеќе владетели и тоа за време на многу кратки периоди. Поради тоа не било овозможено развојот на економскиот живот да добие поголеми размери, туку она што се произведувало било разграбувано од војските.

За време на петвековното владеење на Османлиите многу малку работи се промениле. Во тоа време Бања во кое живеело населението избегано од Просек, било претворено во крупен феудален посед на различни турски бегови. Заедно со тоа и населението било зависно од турските феудалци кои располагале со нивниот живот и слобода. Дури по протерувањето на Турците во 1912-1913 г. селото се ослободило од таа зависност и започнало да живее послободен живот. Но тоа траело кратко бидејќи по неколку години била воспоставена бугарска односно српска окупаторка власт.

Во Првата светска војна територијата на Демир Капија била освојувана од бугарско-германски и српско-англиски воени сили. Првата светска војна оставила пустош во градот. Последиците од неа се чувствувале долги години по неа. За време на Кралството Југославија 1919-1941 година економската состојба била лоша бидејќи никој не вложувал во ова подрачје.

Тогашното село било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[1]

Целиот период на Втората светска војна во Демир Капија изобилувал со крупни настани на воен план. Поради добрата геостратешка позиција тука бил сконцентриран значителен број на германска и бугарска војска. Борбите за населбата станале почести а посебно се прошириле во 1943 и 1944 година што придонело важноста на Демир Капија да биде од животно значење за повлекувањето на германските единици од Грција поради што населбата била претворена во вистинска неосвоива тврдина. По повлекувањето на Германците како и силните борбени дејствија на Македонците во 1944 година Демир Капија била ослободена.

Винарската визба „Попова Кула

По ослободувањето Демир Капија бележи подем особено во времето додека населбата била седиште на истоимената општина. Меѓутоа по укинувањето на општината и претворање на Демир Капија во обично седиште на Месна канцеларија растот бележи стагнација кој оставил негативни траги во севкупниот живот. Во 1996 година Демир Капија повторно го добива статусот на општина, со изборотна првиот градоначалник и првиот повеќепартиски општински совет, пулсот на животот повторно се вратил во овој град и покрај извонредно тешката економска ситуација настаната во 1990 година. Новото општинско раководство го вратилo развојот на позитивни почетни позиции.

По Втората светска војна во Демир Капија се населени голем број жители од селото Трлис, Драмско, Егејска Македонија.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Бања (Демир Капија) било село во Тиквешката каза со 180 жители, сите Македонци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, градот има 3.275 жители. Следува табела на националната структура на населението:[5]

Националност Вкупно
Македонци 3.161
Албанци 19
Турци 19
Роми 16
Власи 0
Срби 34
Бошњаци 0
останати 26

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 864
1953 1.532 1 14 20 70 1.637
1961 1.779 1 27 ... ... 19 ... 81 1.907
1971 2.467 5 16 ... 31 ... 28 2.547
1981 3.062 70 11 4 29 ... 22 3.198
1991 2.815 6 2 28 ... 543 3.394
1994 3.139 12 2 3 35 ... 58 3.249
2002 3.161 19 19 16 34 26 3.275
2021 2.530 6 4 0 2 20 1 22 58 2.643

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главната стопанска гранка во градот и околината е земјоделството особено одгледувањето на винова лоза, житни култури, градинарски култури (црвена пиперка) и тутун. Од другите стопански гранки застапено е ископувањето на песок и камен за градежништвото.

Опшествени институции[уреди | уреди извор]

Домот на културата се вика „Мирка Гинова“ и во негови рамки функционира библиотека, основана со поддршка од Министерството за култура, а која располага со книжен фонд од околу 10.000 наслови.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Верски градби
Црквата „Успение на Пресвета Богородица
Германскиот натпис.
Археолошки наоѓалишта[8]
  • Автопат — храм од раноантичкото и римското време;
  • Бандера - Бошавица — храм и некропола од римското време;
  • Бандерица — некропола и ѕидан водовод од римското време;
  • Болница — некропола од раноантичкото време и депо на средновековни монети;
  • Будур Чифлик — населба и некропола од доцноантичкото време;
  • Градина — населба од бронзеното и некропола од римското време;
  • Просек — средновековна тврдина;
  • Клисура — населба од раноантичкото време;
  • Кула на Пострелец — утврдување од хеленистичкото и доцноантичкото време;
  • Манастир — населба од праисториското до доцноантичкото време, старохристијанска и средновековна некропола
  • Манастир - Варници — населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола;
  • Некропола 1 — некропола од железното време;
  • Некропола 2 - Будур Чифлик — некропола од железното време;
  • Рамниште — утврдена населба од железното и хеленистичкото време;
  • Римски Пат — остатоци од пат од римското време;
  • Црквиште — старохристијанска базилика со некропола и средновековна црква со некропола;
Останато

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Раде Гогов „Демир Капија“, 1985.
  • Ѓорѓи Малковски „Демир Капија: од праисторијата до денес“, Демир Капија, 1998.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  2. Младеновъ, Пандо. Въ и извънъ Македония (PDF). стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-05. Посетено на 15 декември 2013.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  7. „Демир Капија доби библиотека со 10.000 наслови“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 11.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 230, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]