Будур Чифлик (Демир Капија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Будур Чифлик
археолошко наоѓалиште
Будур Чифлик is located in Македонија
Будур Чифлик
Местоположба на Будур Чифлик во Македонија
Местоположба 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° N; 22.23333° E / 41.40000; 22.23333Координати: 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° N; 22.23333° E / 41.40000; 22.23333
Основни податоци
Место Демир Капија
Општина Демир Капија
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период доцна антика
Портал „Археологија“

Будур Чифлик археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија.

Наоѓалиштето претставува некропола и некропола од доцна антика.

Во 1947 година е откриен гроб од камени плочи со димензии од 1,92 × 0,66 × 0,64 м, поставен во правец север-југ. Од внатрешната страна гробот бил обложен со мермерни плочи, дното му било послано со поголема мермерна плоча, а бил затворен со обична плоча од камен. Внатре, од гробни прилози имало богати предмети од злато и сребро, меѓу кои една белезица од злато и листови од гагат со аметист на средината. Многу подоцна, во 1964 година, на ова наоѓалиште, при изградбата на поединечни станбени куќи, се откриени темели од објекти за живеење со повеќе простории. Темели од вакви објекти се пронајдени од двете страни на реката Дошница.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 227, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069