Просек (Демир Капија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Демир Капија-Stenae-Просек

Магистралниот пат по долината на Вардар преку Подунавјето, ја поврзувал Средна Европа со Егејот и со земјите на Медитеранот. Најтесниот пат на реката Вардар, која јужно од реката Бошава се пробива низ карпестиот терен, формира клисура долга 10 километри, позната под името Демир Капија, што во превод од турски значи Железна Врата. Нејзиниот најтесен дел е северниот крај, каде варовитите карпи се издигаат во височина од 100 до 220 метри.

Старата градска населба, што се наоѓала на овие простори, имала посебно значајна стратегиска и воена позиција во минатите епохи. На ова упатува и присуството на цел систем на утврдувања на камените масиви од двете страни на Вардар, меѓу кои најистакнати се Марков Град и Кале-Стрезов Град од левата страна и Рамниште од десната страна на реката. Од сите нив се зачувани остатоци од бедеми. Внатрешната тврдина-акрополот на Марков Град, е изградена од големи квадери од варовник, без малтер. Наодите од керамика од класичното и хеленистичкото време и неколкуте хеленистички монети укажуваат дека таа била користена многу векови пред римската доминација. Иако подигната во архајскиот период, техниката на ѕидањето и самиот карактер на тврдината има пајонски белег. Но, подоцна бил подигнат на доцноантичкиот ѕид, ѕидан од камен и малтер,оставен од надворешната страна, на кои се гледаат остатоци од 4 кули.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069