Прејди на содржината

Оризарско Поле (Чифлик)

Координати: 41°23′15″N 22°13′46″E / 41.38750° СГШ; 22.22944° ИГД / 41.38750; 22.22944
Од Википедија — слободната енциклопедија
„'Оризарско Поле – Старо Село

Карта

Местоположба 41°23′15″N 22°13′46″E / 41.38750° СГШ; 22.22944° ИГД / 41.38750; 22.22944
Основни податоци
Место Чифлик (Демирхисарско)
Општина Демир Капија
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Оризарско Поле – Старо Село – Модра Стена – Бесвичко Поле —археолошко наоѓалиште во Чифлик општина Демир Капија. Претставува населба од римското време. На источната периферија на селото, во просторот на наброените локации, кои зафаќаат површина од неколку хектари, како и во самото село, има остатоци од поголема населба. Пронајдени се темели од големи и мали објекти од кои со орањето биле откриени столбови, капители и друг конструктивен материјал од мермер, како и римски вази. Дел од овие масивни наоди се пренесени во кругот на болницата во Демир Капија. Во 1954 година во самото село се откриени остатоци од темели на четвртест објект со зачувана бања со хипокауст. Кај денешната црква се најдени споменици со натписи меѓу кои и еден на кој се споменува името Јуменион. Откриени се и остатоци од темели на поголема вила. Крај патот за Демир Капија исто така има остатоци од населба, и тоа од II-III век. Најдено е и депо на римски денари од I-III век.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 238, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069