Рамниште (Демир Капија)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Рамниште — археолошко наоѓалиште кај гратчето Демир Капија. Претставува утврдена населба од железното и хеленистичкото време.
Се наоѓа јужно од месноста Манастир на околу 500 м воздушна линија, на елипсовидно плато на највисокиот рид Рамниште. По изохипсата на висорамнинката можат да се следат остатоци од урнатини, најверојатно од бедем граден од неправилно кршен камен во сувоѕидица. Само на едно место во северниот крај може да се види дел од лицето на ѕидот и неговата ширина која изнесува 3 м.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 230. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на утврдена населба
- Демир Капија
- Археолошки наоѓалишта во Општина Демир Капија
- Археолошки наоѓалишта во Демиркаписко