Ограѓе (Бистренци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ограѓе-Св. Петка


Местоположба 41°26′48″N 22°12′02″E / 41.44667° СГШ; 22.20056° ИГД / 41.44667; 22.20056Координати: 41°26′48″N 22°12′02″E / 41.44667° СГШ; 22.20056° ИГД / 41.44667; 22.20056
Основни податоци
Место Бистренци
Општина Демир Капија
Тип

 црква  некропола


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Ограѓе-Св. Петкацрква и некропола од старохристијанско време во атарот на селото Бистренци, Македонија. На околу 800 метри југозападно од селото, во непосредната близина на селските гробишта и новоизградената црква „Св. Петка“, на мала површина има фрагменти од мермерни столбови и архитравни греди кои веројатно му припаѓаат на некаков сакрален објект. Според исказите на мештаните, при изградбата на црквата биле откриени и отворени повеќе гробови градени од камени плочи во кои имало керамички садови и ѓердани од стаклена паста. Во 1990, 1991 и 1994 година, Музеј на Македонија изврши ископувања. Во нивата на Васил Камчев (к.п. 809) се откриени 39 гроба со трапезоидни конструкции од обични камени плочи или без конструкции, со поставени камења во пределот на главата и нозете. Некрополата е во редови, правилно поставени во правец запад-исток. Меѓу откриените гробни прилози најзастапени се белезиците од метал и стаклена паста (тордирани, плетени), а има мониста од стакло сликани со бели орнаменти, прстени, обетки и друг накит. Материјалот од ископувањата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.