Прејди на содржината

Автопат (Демир Капија)

Координати: 41°25′03″N 22°13′02″E / 41.41750° СГШ; 22.21722° ИГД / 41.41750; 22.21722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Автопат

Карта

Местоположба 41°25′03″N 22°13′02″E / 41.41750° СГШ; 22.21722° ИГД / 41.41750; 22.21722
Основни податоци
Место Демир Капија
Општина Демир Капија
Тип

 храм


Период раноантичко време
римско време
Портал „Археологија“

Автопатархеолошко наоѓалиште кај гратчето Демир Капија. Претставува храм од раноантичкото и римското време.

Се наоѓа северозападно од Демир Капија, покрај железничката пруга Скопје-Гевгелија, поточно на клучката каде автопатот А1 се вкрстува со регионалните патишта Р29171 и Р2137.

При патните работи биле откриени остатоци од помала градба. Во неа, на простор од 4 м2 се најдени релјефи, статуети, фрагменти од керамика и друго.[1]

Релјефите и статуетите се од композиција на диоскури во друштво на божици (Артемида). Се претпоставува дека се работи за светилиште посветено на диоскурите (браќата Кастор и Полукс, исто така претставени со соѕвездието Близнаци). Според наодите, наоѓалиштето временски е датирано од IV век п.н.е. до II век од н.е.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 227. ISBN 9989-649-28-6.