Илинци (Прждево)
Илинци - Сврачка — археолошко наоѓалиште во близина на селото Прждево. Наоѓалиштето е сместено на левиот брег на Вешка Река и е оддалечено околу 3 км од селото Вешје. Претставува населба од римско време и денес на негово место се простираат ниви по чијашто површина се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, а пронајдена е и писцина со натпис којашто се чува во еден од селските дворови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Богдашна Глава — градиште од железно време; и
- Слатина — сакрален објект од средниот век.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |