Ашичка Река (Корешница)
Изглед
„Ашичка Река“
| |
Местоположба | 41°26′04″N 22°14′13″E / 41.43444° СГШ; 22.23694° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Корешница |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Ашичка Река — населба и некропола од доцната антика во атарот на селото Корешница, Македонија. На 600 метри јужно од селото, на терасата што се наоѓа на левиот брег на Вардар има камени плочи од гробови со конструкции од типот циста. Не се исклучува можноста оваа некропола да ѝ припаѓала на населбата што е во непосредна близина, и тоа од двете страни на патот што води од новиот мост на Вардар за селото. Овде, по површината се среќаваат фрагменти од ќерамички садови имбрекси, градежен материјал, како и делови од декоративна архитектонска пластика.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Забрњик — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Копанец — некропола од римското време;
- Крстевите — средновековна некропола;
- Кула — утврдување од хеленистичко време и средниот век;
- Маркови Кули — утврдување од хеленистичко и доцноантичко време и средниот век; и
- Црквиште — населба од доцноантичкото време;
- Корешница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 232. ISBN 9989-649-28-6.