Рудина (Бистренци)
Рудина — населба и некропола од римско време во атарот на селото Бистренци, Македонија. На 500 метри северозападно од селото, на плато со издолжена форма се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Под висорамнинката е откриен гроб од типот циста, со повеќе прилози. Мештанинот Н. Петров на ова наоѓалиште нашол монети, белезици и прстени. Наодите се чуваат во Музеј на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дубљани — населба од римското време;
- Корминиш — некропола од доцноантичкото време;
- Ограѓе — црква со некропола од старохристијанско време;
- Бистренци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.