Манастир (Демир Капија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастир is located in Македонија
Манастир
Местоположба на Манастир во Македонија
Местоположба 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° СГШ; 22.23333° ИГД / 41.40000; 22.23333Координати: 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° СГШ; 22.23333° ИГД / 41.40000; 22.23333
Основни податоци
Место Демир Капија
Општина Демир Капија
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период праисторија
доцноантичко време
старохристијанско време
среден век
Портал „Археологија“

Манастирархеолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Наоѓалиштето претставува населба од праисториското до доцноантичкото време, старохристијанска и средновековна некропола. Претставува пресечен рид од десната страна на реката Вардар, пред самиот влез во клисурата. Зарамнувањето на ридот е извршено во 1938 година, при трасирањето на патот. Со археолошките ископувања од 1948 до 1954 година се откриени многу бројни остатоци од различна временска и културна припадност, и тоа од праисторијата до средниот век. Откриени се старохристијански гробни структури и остатоци од градби. Во ѕиданите гробници, над главата на покојникот имало насликани крстови. Подоцна, со истражувањата на археологот Виктор Лилчиќ е утврдено дека се работи за старохристијанска три корабна базилика со нартекс, односно за гробишна базилика изградена на доцноантичка некропола, во една ареа мартиум каде што биле концентрирани гробови на христијани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 230, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069