Манастир - Варници (Демир Капија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Манастир - Варници
археолошко наоѓалиште
Манастир - Варници is located in Македонија
Манастир - Варници
Местоположба на Манастир - Варници во Македонија
Местоположба 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° N; 22.23333° E / 41.40000; 22.23333Координати: 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° N; 22.23333° E / 41.40000; 22.23333
Основни податоци
Место Демир Капија
Општина Демир Капија
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола Археомак 2.0 графички знак (базилика).svg базилика Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква

Период римско време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Манастир - Варнициархеолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Наоѓалиштето претставува населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. На 2 км источно од центарот на Демир Капија, во Клисурско Маало, над десниот брег на Вардар на стариот магистрален пат се издига стрмен рид. На него се наоѓа месноста Манастир на која се откриени најстарите траги од живеење, од почетокот на антиката. Во периодот 1948/54 Aрхеолошкиот музеј вршел ископувања и притоа открил остатоци од профана архитектура од римското време, ѕидани гробници од V до VI век, како и 30 гроба од средниот век. Откопан е и поголем дел од старохристијанска базилика, чиј централен дел бил во употреба и во средниот век. Најдени се и римски монети од XII до XIII век и камена икона со претстава на светителот Јован Претеча. Во северозападното подножје на ридот се наоѓа месноста Варници во која се откриени гробови од римското време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 230, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069