Грамаѓе (Барово)
„Грамаѓе-Дабје“
| |
Местоположба | 41°20′15″N 22°10′14″E / 41.33750°N 22.17056°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Барово |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Грамаѓе-Дабје — храм и некропола од римско време во атарот на селото Барово, Македонија. На околу 1 километар јужно од селото има грамада од градежен камен и многубројна архитектонска пластика. На теренот се среќаваат и делови од мермерни плочи со релјефни претстави на жртвеник, машки и женски бисти, орел и друго. Неколку фрагменти од мермерни статуи биле најдени многу порано.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Наоѓалиштето се наоѓа во долината на реката Бошава, 17 километри јужно од градот Неготино.
Особености
[уреди | уреди извор]На темето од благо возвишение бил подигнат претставителен хероон во вид на храм, на висок подиум со вестибил, цела и хипогеј. Откриени се 15 камени архитектонски елементи од таванско-покривната конструкција, меѓу кои и 4 плочи со плитко вдлабени правоаголни полиња, на кои во релјеф се претставени ара, стилизиран делфин и портрети на жена и маж, веројатно покојницитена кои им бил посветен хероонот. Откриени се и 4 фрагменти од статуи од бел мермер. Храмот бил оддалечен 400 метри јужно од античката населба на локалитетот Ридот, над јужната периферија на селото Барово.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Гробана — некропола од римското време;
- Дабот — некропола од доцна антика;
- Ридот — населба и некропола од римското време;
- Барово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Даб“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 420. Text "series " ignored (help)