Бистренци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бистренци
Панорама во Бистренци.jpg

Сретселото

Бистренци is located in Македонија
Бистренци
Местоположба на Бистренци во Македонија
Координати 41°26′48″N 22°12′02″E / 41.44667° СГШ; 22.20056° ИГД / 41.44667; 22.20056Координати: 41°26′48″N 22°12′02″E / 41.44667° СГШ; 22.20056° ИГД / 41.44667; 22.20056
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Demir Kapija Municipality.svg Демир Капија
Население 364[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18003
Надм. вис. 125 м
Бистренци на општинската карта
Бистренци во Општина Демир Капија.svg

Атарот на Бистренци во рамките на општината
Commons-logo.svg Бистренци на Ризницата


Бистренци — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото како Бестранци првпат е документирано во турските документи од XV век. Името се поврзува со постариот хидроним Бистра со значење „чист, прозрачен“ или со личното име Бистрен.[2]

За името на селото постои и легенда во која се вели дека доаѓа во чест на двете сестри Дубљана и Бисера. Сестрите за да не бидат потурчени се фрлиле од селската џамија и се убиле. Во нивна чест, селото се поделило на два дела, а едниот дел се викал Дубљани (за денешното историско село Дублино), а другиот Бистренци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено непосредно на левиот брег на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 125 метри, а од градот Неготино е оддалечено 19 километри.[3] Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 7 километри, а низ него поминува регионалниот пат Р2137 помеѓу Демир Капија и Неготино. Селото е сместено во Демиркаписката Клисура.

Бистренци се наоѓа на ниска тераса на левиот брег на реката Вардар. Во селото има многу бунари и чешми, додека на брегот на реката извираат повеќе извори, но реката зимно време ги поплавува.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Горни Лаки, Пењајка, Бари, Белуи, Хумиште, Рудине, Гурово Сено, Рамниште, Стари Лојза, Рахорје, Присој, Корманиш и Гумна.[4]

Селото има збиен тип, поделено на четири маала: Мејсијовско, Вардарско, Ширковско и Ќуловско.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Бистренци до крајот на XIX век постоело христијанско маало, кое се наоѓало на повисока тераса од остатокот на селото. Таму се наоѓала црква и христијанските гробишта.[4]

За време на отоманскиот период започнале да се населуваат Турци, со што на крајот на XIX век станало чисто турско село.

По Првата светска војна, во селото се доселиле Словенци од приморскиот дел на Словенија. Тука живееле 35 семејства и изградиле своја католичка црква во 1935 година, оставајќи голем културен и историски белег на Бистренци.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Лулашки во селото

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 23,9 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 928,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 855,1 хектар, а на шумите 339,7 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во минатото во селото работела земјоделска задруга. Селото поседува продавници и угостителски објекти.[3] Во Бистренци постоела керамидарница во која се произведувале т.н. „турски керамиди“, кои уште се користат на некои постари куќи или помошни простории.

Селаните главно се занимавале со земјоделство. Исто така, селаните ловеле и доста риба на Вардар.[4]

Денес, населението претежно се занимава со земјоделство, а мал дел со сточарство. Еден мал дел од селаните се и вработени. Најмногу се произведува мелен црвен пипер, а во последно време развиено е и лозарството и раноградинарското производство на домати, пиперки и краставици.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бистренци имало 672 жители, од кои 570 Македонци муслимани, 80 Македонци христијани и 22 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бистренци имало 80 жители.[7]

Бистренци е средно село по големина, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година селото броело 467 жители, од кои 376 биле Македонци, 63 Турци, а 13 жители Срби. Во 1994 година бројот се намалил на 347 жители, од кои 299 биле Македонци, 38 Турци, петмина Албанци и четворица жители Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Бистренци имало 364 жители, од кои 315 Македонци, 39 Турци, 3 Албанци, 3 Срби и 4 останати.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Бистренци:

Години Македонци Албанци Турци Срби Ост. Вкупно
1948 535
1953 471 1 150 2 6 630
1961 378 4 63 13 9 467
1971 363 8 13 6 4 394
1981 335 6 25 6 14 386
1991 278 7 32 8 5 330
1994 299 5 38 4 1 347
2002 315 3 39 3 4 364

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Спомен-парк во селото

Бистренци било муслиманско македонско село.[4]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Мејсијовци (5 к.), Памперијовци (3 к.), Хусковци (1 к.), Топчијовци (1 к.), Тулумовци (1 к.), Ќеримовци (1 к.), Хаџијовци (4 к.), Нолбантиновци (1 к.), Кардашовци (1 к.), Плочаровци (1 к.), Шајиновци (1 к.), Шикаловци (1 к.), Горевци (1 к.), Латовци (1 к.), Ајвазовци (1 к.), Далиповци (2 к.), Тајировци (5 к.), Јузбашијовци (1 к.), Ѓеневци (1 к.), Неџбијовци (1 к.), Усталијовци (1 к.), Ушиновци (11 к.), Икевци (4 к.), Хаџи-Усиновци (3 к.), Ќиловци (5 к.) и Џаферовци-Масаревци (3 к.).
  • Доселеници: Мало Аметовци (3 к.), доселени се од бесвичкото Старо Село кон крајот на XVIII век; Домазетовци (2 к.), доселени се од селото Корешница околу 1840 година; Ваковци (2 к.), доселени се од селото Дамјан кај Радовиш. По потекло се Јуруци; Мамутогулари (2 к.), доселени се од селото Долни Промет. По потекло се Јуруци; Ибрајимовци (1 к.), доселени се од селото Корешница, а таму од селото Бесвица; Сулијовци (1 к.), доселени се од селото Долни Дисан; Брендовци (1 к.), доселени се од селото Вешје; Календаровци (1 к.), доселени се од селото Дублино; Шунтевци (1 к.), доселени се од селото Прждево; Зуберовци (1 к.), доселени се од Неготино; Мало-Реџеповци (1 к.), доселени се од селото Барово; Муратогулари (1 к.), доселени се од селото Криволак, а таму од селото Дуница. По потекло се Јуруци; Мола Асановци (2 к.), доселени се од селото Долни Дисан; Муаџировци (1 к.), доселени се од селото Бесвица. А подалечно потекло од Босна (по татко); Ибрајимлар (1 к.), доселени се од селото Пештерница. А таму од селото Иберли. По потекло се Јуруци; Киселинковци (1 к.), доселени се од селото Корешница; Абдиловци (1 к.), доселени се од селото Бохула. Хусеин ја продал куќата и дошол кај заедно со семејството кај неговата ќерка и Асановци (1 к.), доселени се од селото Бохула.
  • Турски Цигани:

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Автобуската постојка

Во XIX век, Бистренци било село во Тиквешката каза, на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Бистренци, се наоѓале и селата Бесвица, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1241 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 286 гласачи.[9] На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 279 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[11]
  • Дубљани — населба од римското време;
  • Корминиш — некропола од доцноантичкото време;
  • Ограѓе — црква со некропола од старохристијанско време; и
  • Рудина — населба и некропола од римското време.
Цркви[12]
Џамии
Споменици[3]
  • Спомен-парк во чест на НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Традиционален Петровденски турнир во мал фудбал и риболов
  • Василица (13 јануари), се пали оган на сретсело вечерта, а утрината млади машки се маскираат во т.н. „џамалари“ и одат по секоја куќа

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Бистренци

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи фудбалскиот клуб ФК „Вардар“.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 август 2021.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 53. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 29. Посетено на 26 август 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 492–494.
  5. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Посетено на 26 август 2021.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 26 август 2021.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. Нестороска, Билјана. „Нудам дискусија за цркви на плоштади во Македонија“. Вест. Посетено на 2010-10-02.
  14. „Најди клуб“. ФФМ. Посетено на 26 август 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]