Дамјан

Координати: 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД / 41.61306; 22.36111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамјан

Панорамски поглед на селото

Дамјан во рамките на Македонија
Дамјан
Местоположба на Дамјан во Македонија
Дамјан на карта

Карта

Координати 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД / 41.61306; 22.36111
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 175 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22009
Надм. вис. 550 м
Дамјан на општинската карта

Атарот на Дамјан во рамките на општината
Дамјан на Ризницата

Дамјан — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 311 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед во селото

Селото се наоѓа на крајната западна страна на територијата на Општина Радовиш, сместено во малото Дамјанско Поле. Селото се наоѓа во едно рударско средиште за експлоатација на железо и бакар. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Штип.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 550 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 12 километри, додека од магистралата А4 на потегот Радовиш-Штип околу четири километри.[4]

Водата за пиење во селото Дамјан е обезбедена преку бунар од поранешниот истоимен рудник, со кој селаните стопанисуваат сами и не е под надлежност на општинското комунално претпријатие ЈП „Плаваја“.[5] До селото води асфалтен пат.

Покрај магистралата А4, во поново време е создадена истоимената рударска населба, каде се имаат иселено помладите жители од селото Дамјан. Населбата се простира покрај магистралата, во близина на клучката кај рудникот „Бучим“.[6]

Рударската населба „Дамјан“

Историја[уреди | уреди извор]

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[7]

Во близина на затворениот рудник „Дамјан“ во текот на 2017 година бил пронајден најголемиот антички рударски град Марчово. Овој град бил споменуван и во турските списи како најголем рудник во тоа време, со што конечно се потврдила легендата за неговото постоење.[8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Новиот рудник „Боров Дол“

Атарот на селото зафаќа простор од 16,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 847,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 347,6 хектари, а на шумите 319,7 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција, додека дел од активното население работи или работел во двата соседни рудника (Бучим и Дамјан). Во селото работи продавница.[4]

Рудник „Дамјан“[уреди | уреди извор]

Истоимениот рудник за железо се наоѓа во непосредна околина на селото Дамјан, во близина на градот Радовиш. Рудникот Дамјан е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол. Рудникот активно работел во периодот 1968-1992.

Рудник „Боров Дол“[уреди | уреди извор]

Новиот рудник „Боров Дол“ се наоѓа на околу 4 км над селото Дамјан и истоимениот рудник, чие поле на работа ќе биде на подрачјето на општините: Радовиш, Конче и Штип.[6] Рудникот е поврзан со превозна лента со соседниот рудник „Бучим“, со што ќе се продолжи работниот век на овој рудник.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948649—    
1953730+12.5%
1961606−17.0%
1971591−2.5%
1981451−23.7%
ГодинаНас.±%
1991371−17.7%
1994348−6.2%
2002311−10.6%
2021175−43.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дамјан живееле 600 жители, сите Турци.[9]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Дамјан живееле 349 Турци.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци и 150 Македонци.[11]

Селото е средно по големина, но во однос на населението, двојно се намалило. Така, во 1961 година селото броело 606 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 348 жители, од кои 332 биле Македонци, шест Турци, а осум жители Власи.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Дамјан живееле 311 жители, од кои 304 Македонци, 6 Власи и 1 останат.[2]

Според истражувања во 2018 година, во студијата за отворањето на рудникот „Боров Дол“ е наведено дека во селото се останати околу 40-тина постојани жители.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 175 жители, од кои 149 Македонци, 3 Власи и 23 лица без податоци.[12]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Дамјан:

Година Македонци Турци Власи Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 649
1953 295 417 15 1 2 730
1961 580 18 0 8 606
1971 581 1 0 9 591
1981 439 7 0 1 4 451
1991 348 12 8 1 2 371
1994 332 6 8 1 1 348
2002 304 0 6 0 1 311
2021 149 0 3 0 0 23 175

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Дамјан во минатото било турско село, но денес е целосно населено со македонско население.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]

  • Македонски родови:
  • Турски родови:
    • Доселеници: Мула-Усеиновци (8 к.), Шаќировци (10 к.), Далиповци (8 к.), Аметовци (6 к.), Ќеџиповци (8 к.), Салиевци (7 к.) и Ибраимовци (6 к.), последните се доселиле од околината на Штип, крајот на XVII век.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Дамјан било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Дамјан, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1597 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Погулево.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 178 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Богородица“
Вулканската купа Пилав Тепе
Археолошки наоѓалишта[5][7]
Цркви
Реки[18]
Вулкански купи
  • Пилав Тепе — вулканска купа во клисурата на Маденска Река, во близина на селото

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91. Посетено на 13 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Оцена за влијание на животната средина“ (PDF). јануари 2018. Посетено на 13 јануари 2022.
  6. 6,0 6,1 „Новиот коп „Боров дол" – спас за радовишките рудари“. Макпрес. 10 јануари 2019. Посетено на 13 јануари 2022. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  7. 7,0 7,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 325-326. ISBN 9989-649-28-6.
  8. „ВО БЛИЗИНА НА „ДАМЈАН" ПРОНАЈДЕН НАЈГОЛЕМИОТ АНТИЧКИ РУДАРСКИ ГРАД“. Radovis News. Посетено на 2022-01-13.
  9. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  10. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 13 јануари 2022.
  17. Богати наоди од истражувањата на локалитетот Тополничка река кај Радовиш. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на 2013-10-13.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 46. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]