Олга Иванова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олга Иванова
Родена Олга Иванова
2 март 1939
Скопје, Кралство Југославија (денес Македонија)
Починала 2016
Националност Македонка
Занимање лингвист

Олга Иванова (Скопје, 2 март 1939) — македонска јазичарка, македонистка, специјалист од областа на дијалектологијата и пред сè ономастиката.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Скопје на 2 март 1939 година. Докторирала во 1980 година како прв доктор по ономастика во Македонија. Работела како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а извесен период била и негов директор.[1]

Трудови[уреди | уреди извор]

  • Месните имиња на областа по сливот на Брегалница, Скопје, 1982
  • Исчезнатите месни имиња во областа по сливот на Брегалница, (Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, 1988)
  • Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница, Скопје, 1996
  • Студии од топонимијата и антропонимијата, Скопје, 1999
  • Обратен речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница, Скопје, 2001
  • Македонски антропономастикон (15-16 век), Скопје, 2006

Извор:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 585. ISBN 978-608-203-023-4.