Ономастика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ономастика

Ономастика или ономатологија (од грч. ὀνομαστική или ὀνοματολογία , наука за именувањето) — науката која се занимава со личните именки од секаков вид и потеклото на имињата. Една од главните гранки на ономастиката е топонимијата или топономастиката, науката за имињата на географските места. Антропономастиката е науката за личните имиња.

Кај некои култури (и познати личности) достатно е да се употреби само едно име за да се утврди идентитетот на една личност без забуни. Кај други пак, само едно лично име не е доста, па ова бара алтернативни називи како хипокристички/деминутивен прекар или со додавање на дополнително име засновано на одликите на дадениот поединец, неговото семејство, занимање, потекло и др. Во најголемиот дел од светот, поединечно стекнатите прекари станале наследни презимиња, чија описност во денешницата немаат многу заедничко со описноста на прекарот на првобитниот потомок.

Во многу европски земји се кажува прво името, па презимето, додека во Унгарија и Источна Азија редоследот е обратен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]