Прекар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Прекар — име што се добива покрај крстеното име според некоја особина, потеклото, занаетот итн. на личноста на која се однесува. [1] Прекарот може да биде изведен и од името (Петар – Перо, Кирил – Кире, Методија – Менде).

Од социјален аспект прекарот може да биде поделен на два вида, добронамерен и злонамерен врз основа на неговото добивање и користење.

Добронамерниот го користат пријатели и роднини, за да изразат блискост, интимност и социјална врска.

При малициозно користење, прекарот носи навредливи карактеристики за лицето, и се користи за да покаже недостаток на почит кон човекот, да го наруши неговото достоинство, или да направи другите да стекнат негативен однос кон именуваниот.

Прекарите може да се даваат не само на лица, туку и на животни, градови, држави и сл.

Правопис[уреди | уреди извор]

Прекарот се пишува со голема буква. Доколку се пишуваат името и прекарот, и двата збора одат со голема буква одделени со белина (на пр. Јордан Пиперката). Доколку се пишува името, презимето и прекарот, прекарот доаѓа по презимето одделено со цртичка[2].

Примери[уреди | уреди извор]

Личности од Македонија[уреди | уреди извор]

Личности од бившојугословенските простори[уреди | уреди извор]

Градови[уреди | уреди извор]

Држави[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2006) (на македонски). Толковен речник на македонскиот јазик. IV. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 478. ISBN 978-9989-640-86-5. 
  2. (на македонски) Правопис на македонскиот јазик. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“, Култура АД. 2017. стр. 139. ISBN 978-608-220-042-2.