Копришница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копришница
Копришница is located in Македонија
Копришница
Местоположба на Копришница во Македонија
Општина Општина Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 898 м


Копришницасело во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Копришница е село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија и селото Дрен. Централно место, во инаку одамна напуштеното село, има црквата „Свети Ѓорѓи“ која во последните неколку години е обновена. Во нејзиниот состав се изградени и неколку други објекти (кујна, трпезарија, летниковец) кои служат за пречек на гостите кои доаѓаат тука во голем број на 6 мај, Ѓурѓовден. Тој ден е можност за оние кои се по потекло од ова село да се сретнат и да поминат пријатни моменти обновувајќи ги сеќавањата за своите корени. Освен нив доаѓаат и многу други луѓе кои сакаат духовно да се воздигнат и преку молитва да побараат помош од светецот Ѓорѓи кого Господ го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите. Всушност се што е направено овде е донација од луѓе кои со финансиски средства или личен труд ја издигнале оваа, скоро распадната црква, и и го вратиле стариот сјај. Иако е длабоко во планината, сепак црквата е масовно посетена, особено на големиот православен празник Ѓурѓовден, и е се популарно место за уживателите во природното и духовното богатство кое се крие во Копришница

Историja[уреди | уреди извор]

Водопадот ја крие легендата за убавицата

"Млада, стројна и многу вредна мома, по цел ден работела во бавчите наоколу, а на пладне во најголемата горештина се разладувала во оваа вода. Според убавата мома, реката во демиркапиското село Kопришница го добила името Моминска, а водопадот Момински. И реката и водопадот се убави како што била убава момата од легендата што се раскажува. Водата паѓа од височина од неколку десетици метри и нуди неповторливо доживување за сите сетила."

- Момата ја нема, местото е во легендата.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Копришница имало 155 жители, сите Македонци.[1]

Селото е целосно раселено по 1981 година. Во селото живеело македонско население.[2]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[2]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 155[1] 57 52 30 0 1 0 0 0

Родови[уреди | уреди извор]

Копришница било македонско село.

Според истражувањата од 1920тите родови во селото биле:

  • Староседелци: Ѓурговци (9 к.) и Ѓорговци (2 к.)
  • Доселеници: Јаковци (3 к.) доселени се околу 1820 година од селото Оризари; Милошовци (1 к.) доселени се од селото Драчевица околу 1840 година; Лазовци (1 к.) доселени се средината на 19ти век од селото Бохула; Струговци (1 к.) доселени се од селото Дрен, а таму средината на 19ти век од селото Стар Дрен; Мурџевци (2 к.) доселени се од селото Радња, а таму средината на 19ти век од селото Зборско во Меглен; Весковци (1 к.) доселени се во 1890 година исто така од селото Радња, а уште подалечно потекло од Рожден во Мариово; Анадолци (1 к.) доселени се од селото Будур Чифлик, а биле и во Анадолија па од таму името; Доновци (1 к.) доселени се од селото Јанков Чифлик, таму се доселиле од селото Драчевица, а уште подалечно потекло од селото Долни Дисан од 1870 година.[3]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°20′N 22°15′E / 41.333° СГШ; 22.250° ИГД / 41.333; 22.250

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
  2. 2,0 2,1 Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  3. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.