Никита Хонијат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никита Хонијат
Niketas Choniates.jpg
Роден 1155
Фригија, Римска Империја
Починал 1217
Никеја, Никејска Империја
Занимање историчар

Никита Хонијат (грчки: Νικήτας Χωνιάτης) ― римски историчар и висок државен претставник од втората половина на 12 век. Автор е на „Нарациска хроника“ (Χρονική Διήγησις), опфаќајќи го периодот од 1118-1206 година. Хонијат е директен сведок и учесник во некои од опишаните настани во неговите дела.

Животопис[уреди | уреди извор]

Никита Хонијат (1155 - 1217), познат уште како Никита Акоминат, бил еден од најдобрите римски историчари. Со неговиот брат Михаил (исто така историчар и Атински митрополит), од родното место Хон во Фригија заминале во Константинопол, каде се стекнале со сестрано образование. Тоа му овозможило на Никита блескава кариера во државната служба.

Хонијат започнал да работи во време на владеењето на императорот Мануил I Комнин (владеел 1143 – 1180) и прекинал во време на узурпацијата на престолот од Андроник I Комнин. Подоцна со доаѓањето на власт на династијата на Ангелите во 1185, Никита Хонијат брзо напредувал, па во време на Третиот крстоносен поход, во 1189 бил управник на темата Филипопол, а делувал и како главен логотет (μέγας λογοθέτης) и одговорен за императорските одаи а учествувал и во преговорите со императорот Фридрих I Барбароса. По заземањето на градот од крстоносците, тој успеал да побегне со помош на венецијанските трговци и набргу потоа заминал во Никеја и му се придружил на императорот Теодор I Ласкарис. Никита Хонијат добил висока положба на дворот, каде и починал во 1217 година.[1]

Хонијат во измислениот свет[уреди | уреди извор]

Во романотБаудолино“ од Умберто Еко (2000 година) кое е со дејство во Константинопол за време на крстоносниот упад, Никита Хонијат е претставен како доверлив пријател на главниот лик. Хонијат е спасен од главниот лик Баудолино за време на освојувањето на градот, и пристапува да му го довери неговиот живот на него.[2]

Никита е главен лик во загадочноста со убиство „Смрт во венецијанскиот кварт“ на Алан Гордон (Њујорк: St. Martin's Minotaru, 2002).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://mn.mk/aktuelno/10313-Vizantiskiot-istoricar-Nikita-Honijat-za-Makedonija-i-Makedoncite http://mn.mk
  2. Milan: Bompiani, 2000. English translation by William Weaver, New York: Harcourt 2002, ISBN 0-15-100690-3

Надворешни врски[уреди | уреди извор]