Умберто Еко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Умберто Еко
Umberto Eco
Umberto Eco 01.jpg
Умберто Еко
Роден(а) 5 јануари 1932(1932-01-05)
Алесандрија, Италија
Починал(а) 19 февруари 2016(2016-02-19) (воз. 84 г.)[1][2]
Милано, Италија
Период 20 век/21 век
Подрачје западна филозофија
Школа Континентална филозофија
Претежна дејност
Семиотика
Потпис
Umberto Eco signature.svg

Умберто Еко (италијански: Umberto Eco; 5 јануари 193219 февруари 2016) — италијански писател и филозоф. Во светот најмногу е препознаван по своите новели и есеи.

Кратка белешка за писателот[уреди | уреди извор]

Умберто Еко е роден на 5 јануари 1932 г. во малиот град Алесандрија во Пиемонт, северна Италија. Како мал бил зафатен од сите немири што ги носела Втората светска војна. Со својата мајка се искачувал на ридиштата од каде што ги гледал борбите меѓу фашистите и партизаните и жалел што бил премногу млад за да учествува во војната. Сите овие настани ќе бидат основа за неговиот втор роман, полуавтобиографијата Фукоовото нишало.

По желба на својот татко, Еко се запишува на студии по право, но ги напушта поради големата љубов кон средновековната книжевност и филозофија. Оваа своја љубов ја претопува во својот прв роман Името на розата, каде што исклучително добро ги преведува средновековните религиозни контроверзии во модерни политички и економски термини, така што читателот е во можност да ги разбере настаните и дејствијата без неопходни теолошки знаења.

Докторирал филозофија во 1954 година и работел како професор по семиотика на Болоњскиот универзитет. Предавал и на увиверзитети во Европа и Америка, а добитник е на многу престижни награди. Освен претходно споментатите два романа, автор е на уште три: Островот на претходниот ден, Баудолино и Таинствениот пламен на кралицата Лоана. Познат е и како автор на голем број научни дела.

Еко се опишувал себеси како човек што започнува многу работи истовремено за подоцна да ги синтетизира во една целина:„Ако немам многу работи да направам, изгубен сум“.

Еко починал во својот дом на 19 февруари 2016 г. [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „È morto lo scrittore Umberto Eco“ (на italian). 19 февруари 2016. http://www.corriere.it/cultura/16_febbraio_20/morto-umberto-eco-6a6c8fac-d760-11e5-a4d1-c8704a1e2204.shtml. конс. 19 февруари 2016. 
  2. „Umberto Eco, Italian author of 'The Name of the Rose,' dies at 84“. Reuters. 20 февруари 2015. http://uk.reuters.com/article/uk-italy-eco-idUKKCN0VT037. конс. 20 јануари 2016. 
  3. Почина Умберто Еко, авторот на „Името на розата““, „Утрински весник“, 20 февруари 2016 (конс. 20 февруари 2016).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]