Јован Зонара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Зонара
Jean Zonare Historien Grec. (BM 1879,1213.109).jpg

Јован Зонара (12 век)византиски хроничар, извор за македонската историја во 10 и 11 век.[1]

Заземал високи служби на византискиот двор. Подоцна се повлекол во манастир, каде што врз основа на постари автори, го напишал делото „Светска хроника“, во кое се опишани настаните од создавањето на светот до 1118 година. Дава драгоцени податоци за Самоиловото Царство и за востанијата на Петар Делјан и на Ѓорѓи Војтех.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 190. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]