Иван Микулчиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Микулчиќ
Ivan Mikulčić
Роден 25 март 1936
Инѓија,  Кралство Југославија
Починал 26 јуни 2020
Битола,  Македонија
Националност македонец, хрват
Занимање археолог, историчар, професор


Иван Микулчиќ — (хрватски: Ivan Mikulčić), (25 март 1936, Инѓија, Србија26 јуни 2020, Битола, Македонија) македонски археолог со хрватско потекло[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Професор на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дипломирал во Белград на Филозофскиот факултет, група за археологија во 1958 година. Докторирал на истиот факултет во 1965 година. Работел во Музеите во Штип, Битола и Скопје, а од 1969 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1969 г. го добива звањето доцент, потоа вонреден професор (1974) и редовен професор (1979). Се пензионирал во 2000 г. Активните теренски и кабинетски истражувања на археолошкото наследство на Р.Македонија и на Србија ги фокусирал главно на античкиот период, повремено навлегувајќи во теми од предисторијата и од средниот век[2].

Предмет на неговите истражувања во рамките на докторската дисертација била [[Пелагонската Висорамнина. Докторирал (1965) на Филозофскиот факултет во Белград. Раководел заштитни и систематски истражувања на повеќе локалитети (кај с. Липково, Македонска Каменица, Караорман, Стоби, Скупи, КалеСкопје и ЧрнчеВодно)[3].

Раководел повеќе научноистражувачки проекти поврзани со старите градови и тврдини во регионот на Пелагонија, Повардарје и во Скопско и собрал извонредно богата археолошка документација за локалитетите од раната и од доцната антика и од средновековјето.

Реализирал студиски престои во Германскиот археолошки институт во Франкфурт, во Берлин и во други градови во Германија (1968, 1974, 1978), како и во Атина (Грција), каде што бил стипендист на грчката влада. Во 1978 г. ја добил престижната награда „Александар фон Хумболт“.

Еден од најактивните членови на Македонското археолошко научно друштво.

Учествувал на голем број научни собири и предавања во земјата и во странство.

Во периодот од 1959 г. публикувал околу двесте труда, меѓу кои особено се истакнуваат неговите студии за Пелагонија, Скопје и околните тврдини, за античките и средновековните градови во Македонија, Стоби и др.

Стотици студенти на Катедрата за историја на уметост и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје ќе се сеќаваат на неговите незаборавни предавања, живописно раскажани преку современите геополитички ситуации во светот. Ќе останат запамтени многу анегдоти за римските императори раскажани во „бункерот“ на Филозофски факултет, на големите археолошки локалитети, на терен. Студентите ги запишуваа неговите предавања кои беа толку интердисциплинарни, што буквално претставуваа мали необјавени книги по археологија [4].

Истражувачот кој ја задолжил македонската, балканската и светската археологија со своите капитални студии во светлината на археолошките наоди.

Неговото дело е џиновско. Тој бил првиот вистински археолошки стратег во Република Македонија, во проучувањето на древните цивилизации на почвата на Македонија. Во основа, Иван Микулчиќ, како што и самиот рекол пред неколку децении во една едукативна пригода, никогаш нема да почине[5].

Селектирани негови научни трудови и библиографија[уреди | уреди извор]

  • Извештај за aископавања халштатске некрополе код Старог Караормана

Зборник на Штипскиот музеј, I, Штип 1959,97-103 [6].


  • Каталог на наоди од Хераклеја - камена пластика, Х ераклеја I Битола

1961, 43-64, Т. 13 (со П. М ачкиќ).


  • Стоби, Праисторија, каснохеленистички гробови, Археолошки Преглед

9, Београд 1967,113-114.


  • Trebenište, Enciklopedija likovnih umjetnosti knj. 4, Zagreb 1967, 448


  • Скопско Кале, Скопје, праисториско насеље и средњевековна тврдина,

Археолошки Преглед 9 , Београд 1968,48-50, Т. 19 (со Б. Бабиќ).


  • Непознат антички град кај Мојно, Годишен зборник на Филозофскиот

факултет во Скопје , кн. 22, Скопје 1970, 325-347, Т. 5.


  • Јужна Пелагонија во архајскиот период, истражувања, 8. Конгрес

У И С П П , Београд 1971,141-151.


  • Polnočna Macedonia w epochi anticznoj, Zotchlani wiekow, br. 3 , 1971, Warszawa

1971/2, 186-189


  • Антика на почвата на СР Мкедонија, Материјали од 5. семинар за

македонски јазик и култура , Охрид 1973,180-188.


  • Стоби, западна некропола, Студии no старините во Стоби кн. 1, Београд

1973, 61-95.


  • Из историје античког Скопља, Велика археолошка налазишта y

Македонији, ед. Коларчев универзитет , Београд 1978


  • Требениште и македонско-илирска култура; - Пеонија, првата државна формација на нашата почва; - Стоби: градски живот во античка Македонија: -Доцната антика во Македонија: тврдини и цркви. -Емисии на Радио-Скопје . мај-јуни 1078 (III програма, 40 страници)


  • 76. единици: Antika u Makedoniji, и Grad u Makedoniji , во иста енциклопедија,

Загреб, 1980.


  • Der Untergang der Palaste in Stobi, Nordmakedonien, Symposium Palaste und

Hutten, Berlin , 1979, Mainz 1982, 535-554.


  • Старо Скопје со околните тврдини, Скопје 1982 (1983) , 320 стр. и 184

карти, планови. Alt Skopje mit umliegenden Festungen (Monographie).


  • Früchristlicher kirchenbau in der S. R. Makedonien, XXXIII. Corso di cultura

sull’arte ravennate e bizantina, Ravenna 1986 , 223-251.


  • Доцноантички фортификации во Македонија, Археолош ка карта на

Македонија, М А Н У, Скопје 1994,139-149, и низа схеди во T o m II. (res.: Late classical Fortifications in R. Macedonia).


  • Археолошката карта на P. Македонија, Скопје 1996, T om II : 40 схеди

низ целиот каталог и повеке планови.


  • Средновековни градови и тврдини во Македонија, М А Н У , Скопје

1996 , 1-390 (монографија).


  • Compte rendu: Ivo Lukane, Les Imitations des monnaies d’Alexandre le Grand

et de Thassos, Wetteren 1996, 1-128, во: Antiquité vivante, an. 46, Skopje 1996, 131- 133


  • Средновековни градови Просек, Тиквеш , Велес, Кожле, Прилеп и

Охрид документарна серија на ТВ Телма, Скопје 1998, (94 стр. текст).


  • Антички градови во Македонија, М А Н У , Скопје 1999, 1-455

(монографија). (res.: Antike Städte in Makedonien). (Monographie).


  • Spätantike und frühbyzantinische Befestigungen in Nordmakedonien (Städte,vici,

Refugien und Kastelle), Münchener Beiträge zur vor- und frühgeschichte, Bd. 54, Bayerische Akademie der Vissenschaften, München 2002,1-511 und 7 Beil, (монографија).


  • Стоби, антички град / Stobi, an ancient city, изд. Магор, Скопје 2003. (на

македонски и англиски, монографија).


  • Gradište, Neresi, Skopje, Makedonien, Keltische Niederlassung, Lexikon zur

Keltischen Archaeologie T. III, O.A.V. Vien 2005, 856-858.


  • Хераклеја Линкестис, антички град во Македонија / Heraclea

Lyncestis, Ancient City in Macedonia, Скопје 2007,1-159 (монограф ија на македонски и англиски јазик)


  • Антички градови на Брегалница / Ancient towns on Bregalnica, изд.

Магор, Скопје 2009 ,1-120 (монограф ија на македонски и на англиски јазик).


  • Големи археолошки откритија, изд. Данте, Охрид 2011,1-220

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]